Македонија
Спречен уште еден обид за шверц на пастрмка

Уште еден обид за криумчарење на свежа охридска пастрмка од Албанија во Македонија преку граничниот премин Ќафасан, спречен е вчера од страна на македонската царина.
Уште еден обид за криумчарење на свежа охридска пастрмка од Албанија во Македонија преку граничниот премин Ќафасан, спречен е вчера од страна на македонската царина.Станува збор за 55 килограми пастрма, кои што биле сокриени во камион натоварен со никелова руда.Возилото било управувано од албански државјанин, а никеловата руда била наменета за фирма-увозник од Кавадарци.Ова е втор ваков обид откриен во изминатите неколку дена. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Брза железница, нови болници, подобри патишта, крајната цел е младите да останат во земјата, Муцунски за договорот со Обединетото Кралство

Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се отвораат нови можности за реални проекти кои директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните: брза железница, нови болници, подобри патишта и технолошка инфраструктура, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој во видео објавено на социјалните мрежи зборува за конкретните придобивки од Договорот.
„Зборовите не се доволни. Резултатите се тие што се бројат: работа, развој, подобар живот“, истакнува Муцунски.
Тој потенцира дека со овој договор се отвораат нови можности за реални проекти кои директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните: брза железница, нови болници, подобри патишта и технолошка инфраструктура.
„Не ветуваме – испорачуваме“, додава министерот, посочувајќи дека крајната цел е младите да останат во земјата, да се отворат нови можности за инвеститорите, а граѓаните да добијат подобар квалитет на живот.
„Ова не е политика – ова е работа за иднината“, порача Муцунски.
Во рамки на минатонеделната посета на Лондон, Муцунски и неговиот британски колега, државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт, Дејвид Лами, ја потпишаа Декларацијата за стратешко партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Овој документ, како што појаснуваат од кабинетот на Муцунски има за цел да ги зајакне стратешките билатерални односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната – особено во рамките на НАТО, правдата и внатрешните работи, борбата против тешкиот и организираниот криминал, справувањето со корупцијата и незаконските финансиски текови, како и економскиот раст.
Македонија
Талески: За една година владеење ВМРО-ДПМНЕ ја загрози иднината и ја врати државата цела деценија назад

На денешната собраниска седница, пратеникот од СДСМ, Миле Талески, упати критика до владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот, критикувајќи ги како што рече, лошите економски, но и погрешните политики на власта кои според него за само една година ја вратија државата цела деценија назад, како во времето на Никола Груевски, загрозувајќи ја нејзината иднина.
„Ова е ваш буџет, кој самите го подготвивте, и за кој сега предлагате ребаланс. Ниту буџетот што беше изгласан во декември покажа дека имате план и визија, ниту пак овој ребаланс покажува дека знаете како и што ќе направите во интерес на граѓаните. Тотално покажувате дека немате план и не знаете каде терате,“ истакна Талески.
Тој ја обвини Владата за економска неспособност и целосен аматеризам во спроведувањето на економските политики за што цената ја плаќаат граѓаните:
„Немате план, немате стратегија, не знаете што правите. Во исто време граѓаните осиромашуваат, цените се повисоки, платите не растат, нивната вредност опаѓа.“ рече Талески.
Се осврна и на влошувањето на меѓународната позиција на земјата, закочениот европски пат и негрижата на власта за македонските национални интереси
„Не се грижите ниту за јазикот, ниту за идентитетот, ни за достоинството на Македонија. Се грижите само за себе и вашите партиски интереси,“ рече Талески.
-Мислите дека Бугарија е проблемот, а всушност вие сакате да го бугаризирате македонскиот народ со тоа што не правите ништо за да го продолжиме европскиот интеграциски пат. Свесни ли сте дека токму поради вас, сè повеќе луѓе заминуваат, бараат бугарски пасоши и се изјаснуваат дека имаат бугарско потекло? Тоа не го прават зашто сакаат, туку зашто сакаат подобра иднина – бараат просперитет и европски вредности. А вие, наместо да понудите надеж, ги терате да бегаат, рече пратеникот на СДСМ.
Тој обвини дека на сите полиња државата уназадува.
Државната администрација е потполно партизирана и дека се спроведуваат притисоци за вработувања пред избори:
Безбедносната состојба, е драматично влошена, дециден е Талески, граѓаните не се чувствуваат безбедни:
„Македонските градови станаа див запад, се пука насекаде, има убиства речиси секој втор ден, се палат автомобили, се газат луѓе на пешачки патеки. Тоа е резултатот на ВМРО-ДПМНЕ“ рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески.
Македонија
Во Велес и Кавадарци најтопло- измерени 43 степени

Со измерени 43 степени денеска најтопло било во Велес и Кавадарци, соопшти УХМР.
42 степени биле измерени во Демир Капија, 41 степен во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, и Гевгелија.
Во Битола, Штип и Струмица измерени се 40 степени.
По 39 степени се измерени во Тетово и Виница, 37 во Прилеп, 36 во Охрид и Крива Паланка, 35 Претор, 34 Берово, 31 степен во Крушево, Маврови Анови, 30 во Лазарополе, анајсвежо било на Попова Шапка со зимерени 25 степени.
До крајот на денот според најавите ќе биде сончево и многу топло со слаб западен, а во северните делови умерен северен ветер.
Во текот на ноќтa ќе преовладува ведро време, вдолж Повардариетосо слаб до умерен северен ветер.