Македонија
Бутрос Гали:Спорот за името е решлив
“Ако нема политичка волја, за да се почнат меѓусебните разговори на било која тема, тогаш нема да можете да најдете решение.
“Ако нема политичка волја, за да се почнат меѓусебните разговори на било која тема, тогаш нема да можете да најдете решение. Бескорисно е да се посочува кој што направил. Седнете на маса и преговарајте“, порача Бутрос Бутрос Гали, поранешен генерален секретар на Обединетите нации во интервјуто за емисијата „Отворено со народот“.
Тој верува дека македонско –грчкиот спор е решлив и посочи неколку примери на држави кои имале, како што вели, далеку пострашен проблем.
“Беше лесно да се најде решение во Руанда? Да се најде решение за апартхеидот во Јужна Африка? Беше ли лесно да заврши војната во Мозамбик? Беше ли лесно да се заврши војната во Ел Салвадор? Потребно е време. Потребни се преговори. Но, се додека едниот го посочува другиот дека направил нешто и обратно, никогаш нема да можеме да најдеме решение, вели поранешниот генерален секретар Гали.
Тој советува да се најде држава која ќе ја преземе улогата на медијатор, а според него има различни медијатори, кои се повеќе заинтересирани за изнаоѓање решенија отколку за дискутирање на минатото./крај/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

