Македонија
Фич:Македонскиот изглед променет во негативен

Fitch денеска го намали кредитниот рејтинг на Македонија за странска и за домашна валута од постојниот стабилен во негативен изглед
Агенцијата за кредитен рејтинг Fitch денеска го намали кредитниот рејтинг на Македонија за странска и за домашна валута од постојниот стабилен во негативен изглед.
Агенцијата ги потврди оценките за краткорочниот рејтинг во странска валута Б и плафонот за земјата БББ минус, јавува Макфакс.
„Негативниот изглед на кредитниот рејтинг на Македонија е последица на ризикот од наметнати макроекономски измени во земјата како резултат на влошената глобална економска ситуација и финансиските околности, како и со оглед на големиот дефицит на тековната сметка,“ изјави Ерал Јилмаз, заменик директор на незвисната групација Fitch Emerging Europe.
Во 2008 г, дефицитот на тековната сметка се зголеми на близу 13% од БДП од 7,5% во 2007. Истовремено се зголеми и трговскиот дефицит.
Fitch прогнозира дека дефицитот на тековната сметка на Македонија ќе биде умерено намален на 10% од БДП во 2009 г.
Агенцијата очекува странските инвестиции, кои финансирале половина од дефицитот на тековната сметка во 2008, да опаднат драматично во текот на оваа година, додека поради глобалната кредитна криза, приватниот сектор уште потешко ќе доаѓа до кредити од странство што ќе го зголеми притисокот врз девизните резерви, и што конечно ќе изврши притисок врз денарот, кој е де факто врзан за еврото./крај/нв/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)