Свет
Балканци осомничени за спектакуларниот грабеж во Стокхолм

За многу вешто маневрирање со украден хеликоптер, бомби, мамки за полицајците и филмско уфрлување низ куполата и извлекувањето на вреќите полни со пари низ неа додека полицајците немоќно гледаат во средата се осомничени лица од поранешна Југославија
Веста за спектакуларното ограбување на трезорот на компанијата G4S во холивудски стил изведен во центарот на Стокхолм го обиколи светот а тамошната полиција се’ уште нема осомничени.Шведските медиуми добиле информации од неименувани полициски извори дека сомнежите се насочени кон група ограбувачи од територијата на поранешна Југославија, и тоа на поранешни војници или полциски специјалци.Се претпоставува, исто така, дека групата била многу поголема и добро организирана, бидејќи биле поставени улични препреки ткн. „ежеви“ кои го блокирале приодот до трезерот на полицијата а полициските хеликоптери биле спречени са полетаат со поставување бомба на полицискиот хелиодром, за која подоцна се покажало дека е лажна. Хеликоптерот кој бил украден неколку часови пред грабежот бил пронајден 25 километри од трезорот. Полциските истражители сметаат дека грабежот бил до деали испланиран и дека вежабањето чинело скапо.Шведски медиуми наведуваат изјава на извор кој тврди дека ограбувачите барале добро обучен пилот од Србија. Освен тоа, се тврди дека шведската полиција била предупредена од полцијата на една од балканските држави која поседувала информации дека може да очекува грабеж во кој ќе биде вклучен хеликоптер. Осмислувач на целиот грабеж, според овие информации, бил еден од шефовите на балканската мафија чие име не се споменува. Се’ уште не е објавено колку пари се украдени, но се претпоставува дека станува збор за неколку десетици милиони долари. Грабежот се случи во средата во 5 часот изутрина, кога ограбувачите со хеликоптерот стигнале над трезорот во квартот Вастерберг. Според очевидците неколку маскирани лчица се спуштиле од леталото на покривот и ја скршиле стаклената купола за да влезат во зградата. Се слушнале неколку експлозии, а во зградата во тоа време имало дваесетина службеници. Напаѓачите биле добро вооружени и за веднаш тргнале кон главниот сеф кој го испразниле за помалку од 20 минути. Полицијата била известена за грабежот уште на почетокот па гангстерите слободно пљачкале само неколку минути. Но полицајците не можеле да влезат во зградата па чекале да дојдат специјалците и немоќно гледале како ограбувачите одлетуваат со хеликоптерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција го усвои контроверзниот закон – отворен патот за 13-часовно работно време

Грчкиот парламент денес го усвои новиот закон за труд, кој предизвика бурни реакции и протести во целата земја. Со 158 гласа „за“ и 109 „против“ владиниот предлог беше изгласан, а левичарската опозициска партија СИРИЗА одби да учествува во гласањето.
Законот, кој според владата има цел да го направи пазарот на труд поприспособлив и поефикасен, им овозможува на работодавците во приватниот сектор да бараат од своите вработени да работат до 13 часа дневно наместо досегашните осум. Продолженото работно време може да се применува најмногу 37 дена годишно, а работниците се заштитени од отказ доколку одбијат да работат прекувремено.
Владата тврди дека со новите правила се зголемуваат флексибилноста и заштитата на работниците, особено оние со семејства, и дека законот дозволува четиридневна работна недела доколку има претходен договор меѓу работодавецот и вработениот.
Меѓутоа, синдикатите и опозицијата остро реагираа предупредувајќи дека реформата ја укинува суштината на осумчасовниот работен ден и ја легализира прекумерната експлоатација. Синдикатот на државните службеници ADEDY порача дека „флексибилното работно време во пракса значи уништување на семејниот и на општествениот живот и укинување на работничките права“.
Синдикатите потсетуваат и дека просечните плати во Грција се значително пониски од европскиот просек, а нерегистрираниот труд и натаму е голем проблем. Опозициските партии оценија дека законот е застарен и спротивен на европските тенденции за скратување на работното време и воведување пократка, но поквалитетна работна недела.
Новите одредби предвидуваат и поголема флексибилност при вработувања на определено време, со цел, како што наведува Министерството за труд, да се стимулираат продуктивноста и модернизацијата на пазарот на труд.
И покрај уверувањата на владата дека законот ќе ги заштити работниците и ќе овозможи подобра рамнотежа меѓу работа и приватен живот, јавноста останува поделена.
Свет
Индонезија, Азербејџан и Пакистан – три земји во преговори за мировна мисија во Газа

Американски официјален претставник изјави дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан разговараат со САД за можноста да испратат војници во идната меѓународна мисија за стабилизација на Пojaсот Газа, објави американски функционер од одбраната, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите, јавува „Политико“.
Ова е дел од планот во 20 точки за мир предложен од Доналд Трамп, кој предвидува привремени сили за обука и поддршка на палестинската полиција и соработка со Египет и Јордан.
САД нагласуваат дека американски војници нема да влегуваат во Газа, туку ќе дејствуваат од координативен центар северно од Израел. Египет, Катар и ОАЕ ќе имаат свои официри таму. Досега нема официјални потврди од трите земји.
Целта на мисијата е привремено да се обезбеди обука на палестинските безбедносни структури и да се овозможи разоружување на Хамас. Аналитичари и дипломати ја доведуваат во прашање изводливоста на планот, а формирањето на силите може да трае неколку месеци од моментот на одлуката.
Свет
„Борбата не е завршена“ – Нетанјаху решен да ги врати сите тела на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е решен да ги врати сите тела на заложниците што сè уште се во рацете на Хамас.
Тој ја повтори својата порака за време на одбележувањето на втората годишнина од нападот на Хамас велејќи:
„Борбата уште не е завршена, но едно е јасно – секој што ќе крене рака против нас, ќе плати висока цена“.
Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот за примирје, според кој сите заложници – живи и мртви – требало да бидат предадени до понеделник. Хамас предаде 20 живи заложници и девет тела, но тврди дека за другите му е потребна специјална опрема за пребарување под урнатините.
Министерот за одбрана Израел Кац порача дека ако Хамас не го почитува договорот, Израел во координација со САД ќе ја продолжи офанзивата до целосен пораз на организацијата.