Македонија
Македонија во 2009. најдобра по медиумските слободи на Балканот
Македонија напреднала осум места во извештајот на Репортери без граници (РСФ) за медиумските слободи во светот и за 2009. е најдобро рангирана балканска земја.
Македонија напреднала осум места во извештајот на Репортери без граници (РСФ) за медиумските слободи во светот и за 2009. е најдобро рангирана балканска земја.Македонија во извештајот за 2009 година се наоѓа на 34 место со 8,75 негативни поени, додека лани била на 42. со 8,25 негативни поени. Во извештајот вкупно се рангирани 175 земји.После Македонија од земјите во регионот најдобро рангирана е Грција (35), Словенија е 37, БиХ е 39, Романија е на 50 место, следат Србија (62), Бугарија (68), Косово (75), Црна Гора (77), кај Хрватска (78) е регистриран голем пад поради убиствата врз новинарите, додека Турција е (122).Од поширокиот регион најголеми медиумски слободи има во Унгарија и на Кипар, кои го делат 25 место.На првите пет места се наоѓа квинтетот северноевропски држави – Данска, Шведска, Ирска, Норвешка и Финска – кои немаат ниту еден негативен поен.РСФ во извештајот нагласи дека оваа година продолжил падот на медиумските слободи во бројни европски земји, додека со изборот на Барак Обама за претседател се зголемиле слободите на медиумите во САД„Европа би требало да биде пример за почитување на граѓанските слободи. Како можете да го критикувате непочитувањето на човековите права во другите земји, доколку самите дома не се однесувате како што треба”, коментира Жан Франоса Жулиард, генерален секретар на РСФ.Поредокот во годинешниот извештај се темели исклучиво на ситуацијата меѓу 1. септември 2008. и 1. септември 2009. и не претставува општа слика за човековите права во некоја земја туку само ја претставува состојбата со медиумските слободи./крај/р/х/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

