Македонија
СДСМ покренува иницијатива за решавање на станбеното прашање за припадниците на АРМ
Претседателот на скопската Градска организација и градонашалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, пред медиумите во петокот ја обелодени, како што ја нарече – конкретната иницијатива за решавање на станбеното прашање на припадниците на македонската армија
„Според сите сознанија со кои располагаме, само во Скопје има 480 станови во сопственост на Владата со кои стопанисува јавното претпријаите за станбен и деловен простор а во кои има диво вселени лица. Оттука, овие станови може да се донесе одлука да им се доделат на старешините и професионалните војници“, рече Стевче Јакимовски.Според него, со носењето на една таква одлука Владата веднаш ќе го реши станбеното прашање на припадниците на АРМ, наместо да чекаат изградба на станови со години.Јакимовски како градоначалник на скопската општина Карпош во чии граници е касарната Илинден се обврза дека стои зад секој проект кој е во интерес на припадниците на АРМ.Во врска со дилемите кои се појавуваат во јавноста за ДУП-от за касарната Илинден, Јакимовски подвлекува дека општината Карпош постапува согласно позитивните законски прописи за сите ДУП-ови, вклучително и овој кој се однесува на касарната Илинден.„За да продолжи постапката за усвојување на Деталниот урбанистички план за касарната Илинден, потребно е скопскиот катастар, со кој раководи кадар ВМРО-ДПМНЕ да ги достави податоците до Општината Карпош, рече тој, информирајќи дека уште пред два месеца општината доставила барање до Катастарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

