Македонија
Милошоски побара поддршка од грчкиот колега Димитрис Друцас
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски испрати писмо до својот грчки колега, Димитрис Друцас во кое бара поддршка од Грција за донесување одлука за почеток на пристапни прговори на ЕУ со Македонија, во пресрет на претстојните состаноци на Советот на ЕУ и Европскиот Совет
Во писмото, министерот Милошоски го потсетуива својот колега Друцас дека во Пакетот за проширување за 2010, Европската Комисија ја обнови препораката за отпочнување преговори за пристапување со Македонија, признавајќи ги постигнувањата што таа ги постигнала изминатата година и „потврдувајќи дека остануваме подготвени да се соочиме со предизвиците од следната фаза на пристапниот процес“.„Мојата земја втора година по ред се квалификува да ги почне пристапните преговори, а полни пет години е кандидат за членство во ЕУ без отворени преговори. Ваквата статусна состојба е неодржлива, како за земја-кандидат која следниот месец ќе воспостави целосна трговска асоцијација со ЕУ согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација, така и за кредибилитетот на ЕУ и на политиката на проширување“, се наведува меѓу другото во писмото на Милошоски. Во писмото на шефот намакедонската дипломатија се посочува дека Република Грција како најстара земја членка на Европската Унија во регионот и „докажан пријател на политиката на проширување, преку Солунската Агенда, а денес и со иницијативата Агенда 2014/2018“, може да го даде клучниот придонес во ревитализацијата на европската интеграција на целиот регион. „Вашата поддршка за донесување на одлуката за почеток на пристапни преговори со Република Македонија ќе го даде неопходниот политички импулс за тоа. Со ваквиот чекор заеднички ќе ја поттикнеме и неопходната позитивна клима на доверба во меѓусебните односи за трајно разрешување на последната билатерална разлика со одржливо решение прифатливо за обете земји и народи, во интерес на регионалната и европската стабилност и просперитет“, се вели на крајот во писмото што во петокот министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

