Свет
Политичар со хрватско потекло стана гувернер на Охајо
Џон Касиќ, американски политичар со хрватско потекло е избран за нов гувернер на сојузната држава Охајо на вчерашните избори во САД, пренесува Хина.
Касиќ е еден од републиканските кандидати кој успеа да го победи досегашниот демократски гувернер Тед Тед Стрикланд. Според првичните резултати Касиќ освоил 49 отсто од гласовите, или два отсто повеќе од Стрикланд.
Инаку, Охајо е седмата најнаселена држава во САД со 11,5 милиони жители и е една од клучните држави во изборните циклуси.
Значајноста на оваа држава ги потврдуваат кампањите со видни политичари кои се одржуваат во оваа држава. На овие избори на Стрикланд со своја посета му искажале поддршка и претседателот Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Бил Клинтон.
Касиќ, исто така добил поддршка од голем број клучни републиканци, вклучувајќи ги и гувернерите на Њу Џерси и Минесота, Крис Кристи и Тим Пауленти кои се потенцијални кандидати на републиканците за претседателските избори во 2012 година.
Касиќ е еден од десетте републикански кандидати кои станале гувернери во држави каде претходно владееле демократите. Џон Ричард Касиќ е поранешен републикански конгресмен и претседател на одборот за буџет на претставничкиот дом. Во Конгресот на САД е избиран девет пати од 1983 до 2001 година. По професија е политолог, а е и чест гостин и аналитичар на ТВ мрежата „Фокс њуз“./крај/хина/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Волстрит журнал“: Трамп во својот говор ќе повика на револуција на здравиот разум
„Волстрит журнал“ утринава објави дека Доналд Трамп ќе повика на револуција на здравиот разум во неговото инаугуративно обраќање попладнево.
Американскиот весник наведе дека имал пристап до копија од очекуваниот говор на Трамп и извести дека во неговото обраќање тој ќе ја поздрави возбудливата нова ера на национален успех.
Според весникот, говорот ќе биде пооптимистички од оној во 2017 година, а се очекува Трамп да ја нагласи виталноста на најголемата цивилизација во историјата.
Свет
„Масовно уништување“: Газа на првиот ден од прекинот на огнот
Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-ен-ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна, пренесува медиумот.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така ги поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници што ги држеше Хамас.
„Олеснување е, конечно, да се видат ослободени првите заложници и пристигнувањето на хуманитарната помош, примирјето да стапи во сила во Газа“, рече Кошта во објавата на платформата Х.
Тој рече дека „договорот ја носи потребната трошка надеж во регионот“.
„Сите страни мора да се придржуваат до него. Мирот е единствениот пат напред“, додаде Кошта.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, исто така го поздрави почетокот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците во Газа во објава на мрежата Х.
„Ние сме подготвени да ја поддржиме оваа имплементација и да ја зголемиме испораката на постојана хуманитарна помош до Палестинците, кои продолжуваат да страдаат. Императив е овој прекин на огнот да ги отстрани значајните безбедносни и политички пречки за испораката на помошта“, рече Гутереш.
Свет
Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот
Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).
На годинешниот собир ќе присуствуваат речиси 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.
Лидерските говори ќе почнат утре по денешното официјалното отворање на конференцијата.
Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер-криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени со мотото „Соработка за интелигентна доба“.
Но, набљудувачите веруваат дека годинешниот состанок повеќе од сè ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.
Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.
Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на својот мандат. В четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видеоврска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.