Свет
Побаран разузнавачкиот извештај за "кингерот"
Македонското обвинителство го побарало од БиХ тајниот извештај на босанските разузнавачи за настаните по авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Македонското обвинителство го побарало од БиХ тајниот извештај на босанските разузнавачи за настаните по авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски. Обвинителството прибавило и копија од текстот за разузнавачкиот извештај, објавен во минатата недела во неделникот “Фокус”.
– Го побаравме документот од надлежните власти во БиХ по дипломатски пат, а и директно од босанското обвинителство – изјави вчера државниот јавен обвинител Александар Прчевски.
Според споменатиот извештај, босанските разузнавачи дошле на местото по само два часа од несреќата откако за неа им јавиле жители на блиското село Ротимле, но припадниците на СФОР од францускиот контингент ги избркале. Официјалната верзија е дека авионот бил најден 24 часа по неговото уривање.
Датумот на враќањето на остатоците на “кингерот” од Босна во Македонија се уште не се знае. За во наредната недела е закажан состанок на претставници на министерствата за надворешни и за внатрешни работи, за одбрана, финансии, транспорт и од Управата за цивилна воздушна пловидба во врска со реализација на владината одлука за враќање на “кингерот” во Македонија. Овие активности ги координира Службата за општи и заеднички работи на Владата.
– Испративме дописи до сите министерства, кои ќе бидат вклучени во активностите за враќањето на “кингерот” и од нив добивме повратен одговор. На средбата на претставниците од сите министерства и од управата ќе ги договориме задачите и подготовките што треба да се преземат пред да се пристапи кон враќањето на остатоците од авионот. Откако се ќе биде подготвено, ќе може да се прецизира датумот на враќањето – вели Горан Минчев, директор на владината служба за општи и заеднички работи.
(Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

