Свет
Сто мртви во христијанско-муслиманските судири во Нигерија
Повеќе до стотина луѓе се убиени во недела во судирите меѓу муслиманските овчари и христијанските селани во близина на нигерискиот град Хос, каде во борбите во јануари меѓу двете заедници
Жителите од селото Дого Нахава, јужно од Хос, рекле дека овчарите Фулани од околните ридови утрово околу 3 часот по локално време нападнале пукајќи во воздух а потоа сечејќи ги со мачети оние кои излегле одс своите домови.Очевидец на Reuters кој го посетил селото пребројал околу сто тела собрани на куп во селото.Директорот на државната болница во градот, Пам Дантонг на новинарите им покажал 18 тела кои биле довезени од селото, а некои од нив биле запалени. Болнички извори изјавиле дека други тела биле однесени во други болници во Хос.Во јануари во четиридневните насилства според официјалните податоци биле убиени 326 луѓе во Хос, кој е главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ.Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица. Нигерија е составена од вкупно 36 држави и има население од околу 150 милиони, кои речиси по половина се христијани и муслимани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos
Свет
Франција со резерва околу легитимноста на нападот врз Иран, но задоволна од исходот: „Хамнеи беше крвав диктатор“
Француската влада објави дека има резерви во врска со легалноста на воените операции на Израел и САД против Иран, но дека е задоволна од смртта на крвавиот диктатор, Али Хамнеи.
„Уште еднаш, очигледно, тоа не беше во согласност со меѓународното право. Она што е важно сега е што ќе се случи следниот ден“, изјави портпаролката на француската влада Мод Брежон, пренесе „Индекс“.
Сепак, таа истакна дека Франција може да биде задоволна со смртта на врховниот лидер на Иран затоа што тој бил крвав диктатор.
„Хамнеи беше крвав диктатор кој го угнетуваше својот народ, ги понижуваше жените, младите, малцинствата и неодамна беше одговорен за смртта на илјадници цивили во неговата земја и во регионот. Затоа, можеме да бидеме задоволни само со неговото исчезнување“, рече таа за Гранд.
Британскиот министер за одбрана Џон Хили во неделата одби експлицитно да ги поддржи нападите на САД и Израел врз Иран, велејќи дека на САД е да ја презентираат правната основа за преземените дејствија.
Фото: ЕПА

