Македонија
Љубе на суд докажува дека не е „сестра“

Судскиот процес Љубе Бошкоски против Миленко Неделковски закажан за понеделникот на пладне не се одржа. Ниту еден од двајцата не се појави во судницата.
Судскиот процес Љубе Бошкоски против Миленко Неделковски закажан за понеделникот на пладне не се одржа. Ниту еден од двајцата не се појави во судницата.Љубе Бошкоски, лидерот на партијата Обединети за Македонија, го тужи новинарот Миленко Неделковски оти во неговата емисија „Миленко шоу” рекол:„Љубе е сестра”. Поради навредата изнесена на медиум, Бошкоски преку својот адвокат поднел тужба против новинарот, но судењето никако да започне.Бидејќи тужениот новинар неколкупати не се појавил во судница, судот испратил барање до полицијата стражарно да биде доведен. Но според известувањето на МВР доставено до судот, Неделковски бил недостапен за органите на прогонот и полицијата не можела да го пронајде. До судот барање за одлагање на денешното рочиште поднесол и адвокатот на Бошкоски, кој навел дека поради здравствени причини нема да може да го застапува Љубе. Судот констатираше дека судењето се одлага за април, за кога Љубе Бошкоски треба да биде доведен од затворот „Идризово“ каде ја чека одлуката апелација за предметот „Капања” во кој е осуден на седум години затвор за употреба на нелегални пари во финансирање на предизборната кампања на својата партија на минатогодишните предвремени парламентарни избори. Последниве неколку месеци Љубе беше тужен од премиерот, неговата мајка и други функционери за изнесени невистини во текот на изборната кампања. За сиве овие судски поцеси, Бошкоски објави јавно извинување велејќи дека бил излажан и изманипулиран по што тужбите беа повелечени./крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.