Црна хроника
Мајката од Хрватска со огромна брзина слетала со автомобилот во езеро

Телото на мајката којашто исчезна во неделата со својот син во Хрватска, беше најдено во четвртокот во езерото кај хидроцентрала Дубрава.
Телото на дваесет идеветгодишната Ивана Фогадиќ го забележале рибари во четвртокот околу 14 часот. Претходно од езерото беше извлечен автомобилот и телото на петгодишниот Патрик, но телото на Ивана Фогадиќ не беше најдено. На автомобилот било скршено предното ветробранско стакло, додека страничното стакло било спуштено што овозможило возилото побрзо да се наполни со вода. Од полиција се наведува дека оштетувањето на автомобилот настанало поради јачината на ударот во водата. Се претпоставува дека Ивана возела многу брзо пред да слета во каналот.Телата на детето и мајката се најдени на два различни брега од езерото. Вештак за возила којшто ги анализирал фотографиите од автомобилот, Горан Хусинец, за Jutarnji list анализира дека не е исклучено мајкaта во последен момент, кога автомoбилот пропаднал во езерото, сепак, да се обидела да го спаси детето и себеси. „Двете тела се најдени надвор од автомобилот. Според изгледот на скршеното ветробранско стакло укажува на тоа дека мајката удрила со глава во него и го скршила. Не е можно точно да се реконструира што се случувало во автомобилот, но видливо е дека безбедносниот појас е откопчан и дека детското седиште било поместено“, објаснува вештакот.Ивана Фогадиќ исчезна со нејзиниот син во неделата откако на Facebook ја навести својата смрт и смртта на нејзиното дете, и го обвини својот сопруг за насилство и алкохолизам./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.