Македонија
Милошоски: Одлучив да бидам добар татко
Одлуката да се откаже од функцијата министер за надворешни работи, Антонио Милошоски рече дека била донесена од семејни причини.
Одлуката да се откаже од функцијата министер за надворешни работи, Антонио Милошоски рече дека била донесена од семејни причини.„Имав дилема, плаќав висока и скапа цена заради предолгото и пречестото отсуство од домот. Дилемата беше дали да се биде добар министер или да се биде добар татко. ВМРО-ДПМНЕ има добри човечки потенцијали, министер може да биде и друг човек, но татко на мојот син не може да биде никој друг освен мене.“Тој истакна дека функцијата министер ја извршил со полн ентузијазам и посветеност и најави дека следната негова функција ќе биде пратеник во Собранието.Милошоски изрази очекување дека ќе му биде доверено и претседавање со собраниската Комисија за надворешни работи.За тоа дали да биде министер во идната влада, Милошоски и премиерот Никола Груевски разговарале уште пред шест месеци, а разговорите продолжиле и по изборите, по што била донесена конечната одлука.Милошоски информираше дека премиерот Груевски размислувал за две-три опции за пополнувањето на министерското место, но не сакаше да открие за кои имиња станува збор, бидејќи као што рече смета дека ќе направи пропуст ако навлезе во било какви подробности.„Како министер што стекна политичко и дипломатско искуство, свесен сум дека и понатаму треба да бидам на располагање на идниот министер на премиерот и на претседателот на државата“, рече Милошоски додавајќи дека досега министерството за надворешни работи имало плодна соработка со претседателот и владата..Најдоцна за една недела на јавноста ќе и биде познат не само новиот министер, туку и целосниот состав на новата влада. /крај/бд/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

