Спорт
Бабунски со А тимот во Азербејџан како в.д. селектор
Фудбалската репрезентација на Македонија (ФФМ) на 10-ти август гостува во Азербејџан каде ќе одигра пријателски натпревар со домашната селекција.
Фудбалската репрезентација на Македонија (ФФМ) на 10-ти август гостува во Азербејџан каде ќе одигра пријателски натпревар со домашната селекција.Раководството на ФФМ одлучи националниот тим за овој натпревар да го предводи селекторот на репрезентацијата до 21 година, Бобан Бабунски, кој веднаш потоа се враќа во младиот тим со кој го очекуваат квалификациски дуели за ЕП .Македонската фудбалска репрезентација по разрешувањето на Мирсад Јонуз од селекторската функција по средбата и поразот со Република Ирска во Скопје е без селектор. Во тек е постапката за избор на наследник на Јонуз.До крајот на квалификацискиот циклус, репрезентацијата треба да одигра уште четири квалификациски средби, а првата е на почетокот на септември во Москва против Русија.Дуелот со Азербејџан е планиран токму како подготовка за овие дуели.„Како човек на Федерацијата секогаш сум подготвен да помогнам на националниот тим кој е светост за сите нас. Најважно е во овој момент да се концентрираме на анимирање на играчите за да се претставиме во што подобро светло на гостувањето во Азербејџан. Едноставно да го продолжиме профилот што го создаваме во младата репрезентација и во А тимот. Тие што ќе бидат повикани да го дадат максимумот, да одиграат квалитетно и професионално во Баку. Денеска упативме покани до играчите, контактираме со нив и се надевам дека во текот на утрешниот ден преку интернет страницата на ФФМ ќе го соопштиме списокот за јавноста“, рече селекторот Бобан Бабунски .Да потсетиме дека ова е вторпат Бабунски да седне на клупата на А репрезентацијата на Македонија. Претходно ја предводеше нашата најдобра селекција на квалификациските дуели со Финска (пораз од 5-1), со Холандија во Амстердам (0-0) и на пријателската средба со Лихтенштајн во Вадуз (победа од 2-1).Со селекцијата на Азербеџан досега сме играле четири пати:Квалификации за СП 2002: Азербејџан – Македонија 1-1 и Македонија – Азербејџан 3-0Пријателски средби: 29 мај 2010 г. Азербејџан – Македонија 1-3 и 27 јули 2000 г. Македонија – Азербејџан 2-1./крај/ФФМ/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алонсо си заминал поради расправија со тројца клучни играчи
Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам.
Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите 20 натпревари, но резултатите, а со тоа и атмосферата во тимот се влошија во последните два месеци. Тројцата влијателни фудбалери имале проблем со тактичкиот пристап и стилот на лидерство на Алонско.
Се вели дека проблемите започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година.
И покрај победата, Алонсо имаше непријатна сцена со Винисиус откако го замени. Бразилскиот напаѓач беше незадоволен од промената и одби да се ракува со тренерот. Бидејќи клубот не презеде дисциплинска мерка против играчот, Алонсо наводно почувствувал дека ја губи контролата и дека нема поддршка од клупските челници.
Федерико Валверде и Џуд Белингам, исто така имале проблем со начнот на кој Алонсо го води тимот и со неговите татктички замисли.
Белингам, по одличната прва сезона во 2023/24 и значајните улоги минатата сезона, никако не може да се врати во вистинската форма оваа сезона. Кај Алонсо, Англичанецот немаше гарантирано место во тимот, статус што го имаше кај Карло Анчелоти.
Валверде, од друга страна, поради неговата разноврсност, често играше на различни позиции, што го оддалечи од неговата претпочитана улога во средниот ред. И тој често на тренинзите влегувал во расправии со Алонсо, поради неговите тактички замисли.
Спорт
Евролигата сака да ја тужи НБА
Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“.
Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години.
Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца се известени.
Овој потег уште еднаш потврдува дека Евролигата и НБА се во битка за европскиот пазар, времето ќе покаже дали ќе се случи нешто драматично во наредните месеци.
Одржан е состанок на акционерите на Евролигата, каде што на Реал Мадрид, Барселона и Асвел им беше наредено да донесат одлука за својата иднина, а се верува дека Фенербахче е исто така во таа група тимови кои не потпишаа нови лиценци.
Рокот што го поставија акционерите на Евролигата за целосна посветеност на натпреварувањето истекува во петок, па одговорите би можеле да дојдат во следните денови.
Сепак, треба да се напомене дека, законски, според важечките договори, клубовите можат да потпишуваат нови лиценци до 30 јуни 2026 година.
Се верува дека Барселона и Фенербахче ќе потпишат порано или подоцна, додека Реал Мадрид останува енигма, додека деновите на Асвел во Евролигата се избројани.
Спорт
(Видео) Дончиќ броеше до 42, Лејкерси паднаа кај последнопласираниот тим на Западот
Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз во Сакраменто од последно пласираниот тим во Западната конференција, Кингс со 124:112 (32:28, 29:26, 34:29, 29:29).
Лука Дончиќ, одигра импресивни три четвртини, но „згасна“ во последната, што придонесе за поразот на „езерџиите“. 26-годишникот од Љубљана постигна 42 поени (16/25 од поле, 2/9 за три и 8/8 од поле) со седум скока, осум асистенции и четири украдени топки.
Сепак во последната четвртина постигна само два поени во четвртата четвртина. Ова беше трет пораз по ред за Лејкерс, претенденти за место во плејофот. Од друга страна Сакраменто ја забележа 10-та победа во 40-тио меч од почетокот на сезоната.
Искусниот Демар Дерозан (6 аситенции) ги предводеше Кингс до неочекувана победа со 32 поени без ниту еден шут од три поени (14/19 од поле и 4/5 од поле). Го следеше Малик Монк со 26 поени и осум асистенции, додека Расел Вестбрук го заврши натпреварот со 22 поени, пет скока и седум асистенции.
Резултати:
Кливленд – Јута 112:123
/Гарланд 23 – Џорџ 32/
Индијана – Бостон 98:96
/Сијакам 21 – Причард 23/
Торонто – Филаделфија 102:115
/Квикли 18 – Мекси 33/
Далас – Бруклин 113:105
/Флег 27 – Портер Џуниор 28/
Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 117:109
/Ленард 34, Харден 32 – Бол 25/
Foto/ EPA

