Македонија
Стопанска банка – Скопје со светски признанија
Стопанска банка Скопје доби исклучително важни признанија за остварените резултати во 2008 година од светски реномираните списанија Јуромани
Стопанска банка Скопје доби исклучително важни признанија за остварените резултати во 2008 година од светски реномираните списанија Јуромани (Euromoney) и Фајненс Сентрал Јуроп (Finance Central Europe).
Од страна на двете списанија е прогласена за најдобра банка во Македонија за 2008 година, а од Фајненс Сентрал Јуроп за банка со најголема актива во 2008 и банка со најголем капитал во 2008 година.
Ова денеска во Скопје го соопшти претседателот на Управниот одбор на банката Глигор Бишев, додавајќи дека на крајот на минатата година секое семејство од Македонија и секоја втора компанија ги користат услугите на Стопанска банка АД Скопје./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.