Свет
Шест загинати во силен земјотрес во Чиле
Цунами се заканува да го погоди брегот на Чиле по силниот земјотрес кој утринава го погоди Пацификот, недалеку од крајбрежјето на оваа латиноамериканска држава, соопштија американските сеизмолози
Новиот чилеански претседател Мичел Бачелет соопшти дека во змејотресот загинаа шест лица, но дека бројката може да биде и поголема. Во прекин се телефонските линии и електричната енергија.Епицентарот на земјотресот кој бил со јачина од 8.8 степени според Рихтер бил регистриран на 91 километар од чилеанскиот град Консепсион и 110 километри оддалеченост од градот Талке.Пацифичкиот центар за Цунами издаде предупредување дека силен бран може да ги погоди Чиле и Перу. Според нивните информации веќе билe регистрирани бранови со големина над два метра.„Силните земјотреси како овој се потенцијална опасност да предизвикаат разурнувачко цунами кој може да ги погоди крајбрежните области во близина на епицентарот на земјотресот. Тоа може да се случи во следните неколку часа”-се вели во извештајот на Националниот Центар за метеорологија.Досегашните информации од теренот не говорат за евентуални жртви ниту за материјални штети но сепак постои предупредувањето од појава на големи бранови како последица на потресот.Предупредувањето за цунами се однесува и на крајбрежјето на Колумбија, Панама и Костарика.Американскиот геолошки институт информираше дека земјотрес од поголеми размери утринава бил регистриран и во Јапонија чија јачина достигнала седум степени според Рихтер. Тамошните власти истотака предупредиле на појава од цунамиЛокалните телевизии пренесуваат дека има оштетувања на историските објекти во центарот на Сантијаго, кое се наоѓа околу 200 милји северно од епицентарот.Во 1960 г., Чиле беше погоден од еден од најголемите светски земјотрес откако од почетокот на 20-от век се води евиденција за силината на земјотресите.Тогаш во потрес со јачина од 9,5 степени, е уништени на југо-централниот град Валдивиа, при што загинаа 1.655 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

