Македонија
Национално финале во компјутерски игри
Дводневни натпревари во компјутерски игри кои се дел од македонското национално финале, започнуваат денес на Плоштадот Македонија во Скопје
Натпреварите, во кои учествуваат околу петстотини македонски гејмери, се одржуваат петта година по ред, а годинава Македонската Е-спорт Федерација, ја доби лиценцата за одржување на националното финале во Македонија. Македонска Е-спорт репрезентација, четири пати до сега учествувала на натпреварувања на светско ниво меѓу најдобрите гејмери од целиот свет, натпревари што се одржуваат во рамките на World Cyber Games.Годинава првенството на светско ниво, на коешто ќе учествува и македонската е-спорт репрезентација, ќе се одржи во Кина, во градот Ченгду, а од 2000-та година, кога на WCG, учествуваа само десеттина држави, па се до денес бројот на држави учеснички на вакви натпревари има аритметичка прогресија, за во 2007-та на WCG во Сиетл да учествуваат околу седумдесет држави од целиот свет.Целта на WCG е да се подигне сајбер-културата на повисоко ниво, наметнувајќи го јазикот на компјутерските игри да ги надмине јазичните бариери во светот, и да се вброи во официјалните спортови на Олимписките игри, што ќе се одржат во Лондон, во 2012 г.Првото официјално учество на македонските гејмери на светско ниво, беше во 2005 г. на WCG во Сингапур, со што беше промовиран е-спортот кај нас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

