Свет
Сомалиски гусари повторно нападнале американски брод
Американски офицер на НАТО за CCN изјавил дека современите пирати не успеале да го заземат бродот. Reuters јавува дека екипажот на бродот при нападот побарал помош од силите на Алијансата и дека по нападот бродот плови под заштита на воени пловила
Агенцијата се повикува на изјави од фирмата за која плови трговскиот брод „Либерти Сан“, дека во нападот ниеден член на екипажот не бил повреден. Според информациите на американските медиуми, гусарите го нападнале бродот истрелувајќи ракети од рачен фрлач, а стрелале и од автоматско оружје со голем калибар. Трговскиот брод под американско знаме превезувал американски прехранбени производи за Африка и пловел од Хјустон за Момбаса во Кенија. Ова е вторпат за една седмица гусарите да напаѓаат брод под американско знаме во истиот дел од сомалискиот брег. Во неделата американските снајперисти убија три гусара и го ослободија американскиот капетан кој пет дена беше држен во заложништво на чамец. Од крајот на минатата годиан добро вооружени сомалиски гусари често ги напаѓаат бродовите кои пловат по важните морски рути во Индискиот Океан и во Аденскиот Залив. Досега за грабнатите бродови и товари имаат извлечено милиони долари како откупнина. Во втроникот гусарите грабнале уште два товарни брода, и покрај акциите на француските и на американските воени морнарици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан го покани Нетанјаху да го посети без да биде уапсен, Борел реагира
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, го покани својот израелски колега, Бенјамин Нетанјаху, да го посети, потврдија од кабинетот на Нетанјаху.
Орбан вчера изјави дека го поканил Нетанјаху во Унгарија иако некои членки на ЕУ најавија дека ќе биде уапсен доколку стапне на нивна почва откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење поради војната во Газа.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека владите на земјите-членки на ЕУ не можат да изберат дали ќе ги извршат налозите за апсење издадени од МКС против Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и водачот на Хамас Ибрахим Ал-Масри за наводни злосторства против човештвото.
Сите земји-членки на ЕУ се потписници на основачкиот акт на МКС, т.н на Римскиот статут. Неколку земји-членки на ЕУ најавија дека ќе ги исполнат своите обврски од статутот доколку има потреба. Но, унгарскиот премиер Виктор Орбан го покани Нетанјаху да ја посети неговата земја, уверувајќи го дека нема да биде на никаков ризик ако го стори тоа.
„Државите што ја потпишаа Римската конвенција се обврзани да ја спроведат одлуката на судот. Тоа не е опционално“, рече шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за време на посетата на Кипар, каде што присуствуваше на работилница на израелски и палестински мировни активисти.
Соединетите Американски Држави ја отфрлија одлуката на МКС, а Израел потегот на судот го оцени како антисемитски.
„Секогаш кога некој не се согласува со политиката на израелската влада, тој е обвинет за антисемитизам“, рече Борел, чиј мандат истекува овој месец.
„Имам право да ги критикувам одлуките на израелската влада, без разлика дали е тоа Нетанјаху или некој друг, без да бидам обвинет за антисемитизам. Тоа не е прифатливо. Доста е“, посочи.
Свет
Путин потпиша нов закон, ќе им ги прости долговите на оние што ќе се пријават да војуваат
Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша закон за простување на долгот на воените регрути кои ќе се пријават да се борат во Украина, објави руската влада.
Законот предвидува простување на долгови до 10 милиони рубљи (95.835 долари) на секој што ќе потпише договор со Министерството за одбрана и ќе се согласи да оди да се бори во Украина во период од најмалку една година, почнувајќи од 1 декември.
Законот се однесува на сите потенцијални регрути против кои е започнато извршување пред 1 декември.
Русија го охрабруваше регрутирањето нудејќи доста големи суми пари, во некои случаи и неколку пати повисоки од просечната плата. Податоците на централната банка покажуваат дека Русите позајмуваат повеќе откако Кремљ нареди десетици илјади војници да се борат во Украина во 2022 година, дури и откако централната банка ја зголеми основната каматна стапка на 21 отсто во октомври.
Регион
(Видео) Падна дел од фасадата на зграда на главниот плоштад во Загреб
Парчиња од фасадата од предниот дел на зградата паднале на плоштадот Бан Јелачиќ,објави порталот „Индекс“.
Полицијата ја опколила областа, а потоа работата ја презеле во свои раце пожарникарите и комуналните служби.
„Граѓаните и туристите го искористија денешното убаво време за да се прошетаат низ центарот на метрополата. Сепак, во популарниот загрепски сообраќаен шпиц околу 13 часот, на повик на загрижени минувачи пристигна полицијата, а потоа и загрепските пожарникари“, пишува „Јутарњи лист“.
Загрепските пожарникари ги извадиле остатоците од почетниот дел од фасадата кој не престанал да се распаѓа.
Според „Јутарњи лист“, отстранети се околу два метри материјал кој претставувал сериозна опасност.
За среќа нема повредени, а се уште не е позната висината на материјалната штета.
Во Загреб веќе се случи дел од фасадата да се откине од зградите во самиот центар на градот.
Пред само неколку недели, дел од фасадата се откина од зграда, исто така во близина на главниот плоштад во Загреб.
Минатото лето, дел од фасадата падна во близина на Хрватскиот народен театар, а пожарникарите потоа извадија приближно три квадратни метри од фасадата, која се закануваше да падне врз минувачите.
Исто така, во февруари годинава на аголот од улиците Илица и Томиќева од објектот паднало парче фасада, при што немало повредени.