Македонија
Македонија во 2008 г. остварила БДП од 9,6 милијарди долари
Бруто домашниот производ на Македонија за 2008 година изнесува 398, 5 милијарди денари (9,6 милијарди долари), објави во петокот Државниот завод за статистика.
Бруто домашниот производ на Македонија за 2008 година изнесува 398, 5 милијарди денари (9,6 милијарди долари), објави во петокот Државниот завод за статистика.
Ова во однос на 2007 година претставува пораст во апсолутни бројки од 12,5 отсто, додека реалната стапка на раст на БДП, изнесува 4,8 отсто.
Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП имаат Преработувачка индустрија (17.8%), Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба (12.7%) и Земјоделството,(10.4%).
Финалната потрошувачка во 2008 година, во однос на 2007 година, номинално расте за 18.0% како резултат на порастот на финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции што им служат на домаќинствата (17.5%) и финалната јавна потрошувачка (20.2%).
Бруто-инвестициите во 2008 година, во структурата на БДП учествуваат со 26.6%, а забележан е номинален пораст на инвестициите во основни средства од 20.7% во однос на 2007 година. Извозот на стоки и на услуги во 2008 година, во однос на 2007 година, е поголем за 11.0%, а увозот на стоки и на услуги за 22.3%.
Вредноста на инвестициите во основни средства во Македонија во 2008 година изнесува 86,4 милијарди денари (1,4 милијарди евра), што е за 20,7 отсто повеќе во споредба со претходната година. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од ул. Павле Божинов(општина Гази Баба)
· во периодот од 08.00 до 12.00 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од С.Белимбегово Илинден (општина Илинден)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец (општина Центар)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците од дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел)
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот корисниците ул. Индира Ганди 31 (општина Шуто Оризари).
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници (општина Ѓорче Петров)
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска Фарма.(општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од с.Глуво.(општина Чучер Сандево)
Македонија
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Македонија
Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди), општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација соопштуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Васил Ѓорѓов 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата Народен Фронт, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

