Контакт

Надворешна политика

Македонско-полска политичка и воено-експертска конференција во Скопје

Објавено пред

Во понеделник и втроник април 2012 година, во Скопје во организација на амбасадата на Република Полска во Македонија и полскиот воено-индустриски концерн „Бумар“ ќе се одржи билатерална полско-македонска политичка и воено-експертска конференција на тема „Модернизација на македонската Армија со корис

dobivaj vesti na viber

Цел на конференцијата е споделување на искуствата коишто Република Полска ги има акумулирано низ процесите на политичка и воена интеграција во НАТО и Европската унија, како и искуствата што Полска ги има стекнати низ процесите на модернизација на сопствените вооружени сили и нивното учество во меѓународни воени мисии предводени од НАТО и ЕУ. За остварување на целите на конференцијата, истата ќе биде поделена во два работни панели: политичи и воено-експертски.

Политичкиот панел ќе биде фоуксиран на политичката димензија од процесот на модернизација на вооружените сили на Полска во период по распадот на Варшавскиот договор со посебен акцент на искуствата стекнати низ развојот на капацитети, системи и опрема за приоритетните потреби на националната одбрана на Република Полска како и за потребите на нејзиното партиципирање во меѓународни воени мисии предводени од НАТО и ЕУ. Во рамки на овој панел ќе биде дискутирано и за можностите за примена на концептот за „Паметна одбрана“ во соработката меѓу Полска и Македонија.

Воено-експертскиот панел на конференцијата ќе се фокусира на капацитетите на полскиот воено-индустриски комплекс „Бумар“ кој обединува 25 компании со различна специјализирана дејност, а кои вработуваат 9.500 лица и остваруваат годишен обрт од над една милијарда американски долари. Во рамки на воено-експертскиот панел ќе бидат акцентирани искуствата на вооружените сили на Полска стекнати во меѓународни мисии при што на македонската страна ќе и бидат презентирани полските искуства од борбената употреба во Авганистан на современиот полски оклопен транспортер на тркала „Росомак“ како и искуствата од борбената употреба на полските воени хеликоптери Ми-8/17 и Ми-24, а со посебен осврт кон полските национални капацитети за обезбедување сеопфатна логистичка поддршка и продолжување на животниот век за споменатите типови на летала. Воено-експертскиот панел ќе биде одлична прилика македонските офицери и експерти да се запознаат во детаљи и со најновите достигнувања на полската воена индустрија во делот на современи мобилни средства за набљудување и заштита на воздушниот простор и современи мобилни артилериските орудија какви што се „Краб“ и „Лангуста“.

Воено-експертскиот панел ќе им овозможи на учесниците на конференцијата увид во капацитетите на Република Полска за комплексна и сеопфатна поддршка на процесите на модернизација на македонската Армија со современи оклопни транспортери, мобилни средства за набљудување и заштита на воздушниот простор, мобилни самоодни артилериски орудија од голем калибар како и во капацитетите за сеопфатна логистичка поддршка и модернизација на најразлични борбени средства и системи со кои е опремена АРМ какви што се хеликоптерите Ми-8/17/24, тенковите Т-72, артилериските орудија БМ-21, итн.

Во рамки на конференцијата на македонската страна ќе и биде овозможено да се запознае со два приоритетни проекти за националната одбрана на Република Полска а на кои активно работи „Бумар“: проектот „Полски штит“ кој има за цел изградба на комплексен систем за противвоздушна и противракетна одбрана на Полска и проектот „Војник на иднината“ кој е проект за опремување на полскиот војник со современо персонално вооружување, униформи, опрема и системи кои ќе му овозможат супериорност на модерното војувалиште. За време на конференцијата ќе бидат изложени и дел од личното вооружување и опрема кои ги произведува „Бумар“.

Во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго и во согласност со политиката на НАТО на „отворени врати“ оваа конференција ќе ги потврди заложбите на Република Полска за инклузивна и сеопфатна евро-атлантска заедница во која секоја земја го пронаоѓа своето место и се чувствува сигурно. Овој настан ќе претставува прилика за реафирмација на заложбите на Полска за целосно евро-атлантско интегрирање на Република Македонија како и реафирмација на силната и континуирана полска поддршка на Македонија во процесите на модернизација на АРМ низ ефикасно планирање и трошење на буџетот за одбрана како и умна приоритизација на проектите од областа на одбраната и безбедноста.

На конференцијата ќе учествуваат министерот за одбрана на Република Македонија, високи претставници на Министерството за одбрана и вооружените сили на Република Полска, воени експерти од Полска, претставници на Владата на Република Македонија, експерти од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, експерти од македонското Министерство за внатрешни работи и Полиција, Министерството за надворешни работи, собраниската Комисија за одбрана и безбедност и други.

Свеченото отварање на Билатерална полско-македонска конференција ќе се случи во 10.00 часот на во вторник во Сала 3 на скопскиот хотел „Александар Палас“. Свеченото затварање на конференцијата и прес конференција по однос на истата ќе се случи во периодот од 12. до 13 часот во вторникот во хотелот „Стоун Бриџ“. /крај/со/мф

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ16 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија18 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија19 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија19 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија19 часа

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија20 часа

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија20 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија20 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија22 часа

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија22 часа

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет22 часа

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет22 часа

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет23 часа

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет24 часа

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет1 ден

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион1 ден

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа1 ден

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет2 дена

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија2 дена

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...