Спорт
Леванте го препушти врвот на Реал
По завршувањето на 10-то коло од шпанското фудбалско првенство, и поразот од 0:2 кај Осасуна, најголемото изненадување во европските лиги годинава малиот Леванте падна на третата позиција зад гигантите Реал Мадрид и Барселона.
По завршувањето на 10-то коло од шпанското фудбалско првенство, и поразот од 0:2 кај Осасуна, најголемото изненадување во европските лиги годинава малиот Леванте падна на третата позиција зад гигантите Реал Мадрид и Барселона.Осасуна којашто по синоќешната победа извојувана за само четири минути со головите на Алваро и Нино во 40 односно 44 минута, е на 8-та позиција со 14 бодови, од врвот го симна Леванте кој сега е трет со 23 бодови, два помалку од водечкиот реал Мадрид и еден од второпласираната Барселона. Но за помалиот и далеку поевтин клуб од Валенсија и ова е голем успех бидејќи е место погоре на табелата со два бода повеќе од далеку попознатиот градскиот ривал Валенсија.Доцна синоќа Малага со победата од 2:1 над Еспањол ја прекина серијата од три последователни пораза и се искачи на шестото место со 16 бодови од каде што го „симна“ Еспањол кој остана на 15-то место. Головите за Малага ги постигнаа Саломон Рондон 5 и Апоно во 73 минута од пенал. Во неделата се играа и Атлетико Мадрид и Реал Сарагоса. Домашните победија со 3:1, а стрелци беа Адриан во 19 и 75 и Домингез во 31 минута, а за гостите почесниот погодок го постигна Постига во 79 минута. Атлетико сега е на 10-то место со 13 бодови, колку што има и едно место погоре пласираниот Атлетик Билбао, кој ремизираше на гостувањето кај Спортинг. По еден гол за своите екипи постигнаа Сусаете во 53 за водство на гостите, а за изедначувањето се погрижи Хрватот Мате Билиќ во 71 минута. Во саботата лидерот Реал Мадрид потешко од очекувањето победи со 1:0 нагостувањето на Реал Сосиедад, а Барселона со 5:0 ја демолираше Мајорка. Виљареал со 2:0 го совлада Рајо Валекано, а Валенсија беше подобра од Хетафе со 3:1. Вечерва 10-то коло во шпанската Примера ќе биде заокружено со натпреварот меѓу Севиља и фенерџијата Гранада, но без оглед на резултатот нема да има промени на табелата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џеко по само шест месеци си оди од Фиорентина
Доаѓањето на Един Џеко во Фиорентина беше најавено како едно од најзначајните засилувања во летниот преоден рок во Серија А. Сепак, како што сега стојат работите „љубовта“ ќе заврши по само шест месеци.
Лошите резултати на клубот и скромните перформанси на босанско-херцеговскиот напаѓач, се доволни Џеко да биде ставен на трасфер листата. Џеко ќе ја напушти Фиренца, но ќе остане во Италија.
Фиорентина, минува низ веројатно најтешкиот период во поновата сторија. „Виола“ се наоѓа на последното место, со само шест бода и без ниту една победа во 15 одиграни натпревари.
Во Фиренца се најавуваат големи промени во зимскиот проеден рок, не само во ростерот, туку и на тренерската позиција и во Управниот одбор на клубот.
На удар се најискусните играчи, меѓу кои е и Џеко. Се очекува најмалку петмина да си заминат од „Артемио Франки“ во јануарскиот преоденр ок.
На 17 официјални настапи за Фиорентина, Џеко постигна само два гола, што е далеку под репутацијата и искуството што го поседува. Поради ова, разделбата стана реална опција за двете страни.
Според информациите што ги објави турскиот „Минет“, Џеко нема да ја напушти Серија А. Џенова се издвојува како најсериозен кандидат за неговиот потпис, која наводно веќе влегла во последната фаза од преговорите со босанскиот напаѓач. Клубот од Џенова е исклучително упорен во намерата да го доведе, а трансферот би можел да биде официјализиран на 1 јануари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Интер без Дамфрис најмалку три месеци
Десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис, ќе мора да направи долга пауза. Холанѓанецот ќе паузира најмалку три месеци и ќе се врати на теренот дури во втората половина на март.
Ова секако е лоша вест за Кристијан Киву кој ќе мора да истражи опции на пазарот, заедно со спротскиот директор, Бепе Марота.
Италијанските медиуми се сигурни дека Интер ќе биде активен во зимскиот преоден рок, бидејќи тимот мора да биде конкурентен во борбата за сите трофеи.
Интер конечно стигна до врвот на табелата во Серија А, а за да успее да го врати пехарот на „Џузепе Меца“, се очекуваат засилувања.
Засега нема индикации кој би можел да дојде, но се шпекулира дека замената би можела да дојде од Динамо Загреб. Според инсајдерот, Џанлука Ди Марцио, Интер го следи Морис Валинчиќ.
23-годишниот минатото лето пристигна во Загреб за сума од 1.350.000 евра.
Foto/ depositphotos
Спорт
Наполи добива големо засилување пред Суперкупот во Ријад
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (32), кој беше надвор од терените четири месеци поради повреда, почна со тренинзи и би можел да игра за Наполи оваа недела во Суперкупот, кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, објавија италијанските медиуми.
Пред почетокот на оваа сезона, кон средината на август, Лукаку го повреди бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос.
Поради ова, Наполи мораше да бара замена и во летниот преоден рок го доведе данскиот напаѓач Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Со 89 гола, Лукаку е најдобриот стрелец во историјата на белгиската репрезентација. Тој е член на Наполи од летото минатата година, а на 38 натпревари забележа 14 гола и 11 асистенции.
Во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп, Наполи игра против Милан (18 декември), а во второто полуфинале се среќаваат Болоња и Интер (19 декември). Финалето е закажано за 22 декември.
Foto/ depositphotos

