Контакт

Свет

Украина: активистки приведени по топлес протест

Објавено пред

Полицијата во украинската престолнина проведе најмалку четири женски активистки кој приредија топлес протест во близина на главната арена на Киев, а во текот на посетата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

dobivaj vesti na viber

Полицијата во украинската престолнина проведе најмалку четири женски активистки кој приредија топлес протест во близина на главната арена на Киев, а во текот на посетата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

Демонстрацијата под мотото „Европа без проституција“ се одржува во пресрет на Европскиот шампионат во фудбал, кој 2012 година ќе се одржи во Украина и во Полска. Платини во Украина пристигна вчера на дводневна инспекција.

На полицијата и требале околу 20 минути да стигне до Националниот олимписки спортски комплекс и да ги уапси демонстрантките кои се членки на групата „Фемен“.

Оваа група ги користи топлес протестите во разни прилики, за да привлече внимание за Повеќе домашни и меѓународни проблеми. Повеќето членки на групата се студентки.

„Фемен бара УЕФА да покрене кампања за објаснување на фудбалските навивачи за недозволивоста на секс-туризмот и финансирањето на секс индустријата, а украинските власти посетата на проститутките да ја направат кривично дело“, се вели во соопштението на „Фемен“.

Проституцијата во Украина е нелегална, но широко распространета, а земјата и натаму е една од најголемите снабдувачи на Западна Европа со проститутки. Во 2005 година, Украина ги заостри казните за шверц на луѓе и почна да ја притиска проституцијата. /крај/риа/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Киев повторно цел на голем руски ракетен напад

Објавено пред

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради, соопштија локалните власти. „Масовниот напад врз главниот град е сè уште во тек“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на платформата Телеграм.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека се погодени згради од двете страни на реката Днепар. Нема непосредни извештаи за жртви, но на местото на настанот се испратени екипи за итна медицинска помош. Тимур Ткаченко, шефот на воената администрација во Киев, потврди најмалку еден удар во источните предградија, додека сведоци на Ројтерс пријавија силни експлозии што одекнуваа низ целиот град.

Југоисточниот град Днепар, исто така, беше погоден, изјави регионалниот гувернер Олександр Ганжа. Неколку приватни домови и автомобили беа оштетени, но немаше непосредни извештаи за жртви. Воздушните напади останаа на сила во Киев и Днепар долго по полноќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Објавено пред

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак во најмладата земја во Европа.

dobivaj vesti na viber

Новата влада на Курти беше потврдена со 66 гласови „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија „Ветевендосје“ (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства.

Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува Ројтерс.

„Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбрана“, им рече Курти на пратениците пред гласањето.

„Ќе ставиме во употреба фабрика за муниција, ќе ја развиеме воената индустрија на Косово и ќе произведуваме домашни борбени беспилотни летала.“

Земјата со 1,6 милиони луѓе одржа предвремени избори во декември 2025 година по неубедливите резултати во февруари.

Курти кратко беше премиер во 2020 година, сè додека не беше изгласан за разрешување од функцијата. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а изминатата година ја помина водејќи привремена влада.

Косовскиот парламент сега мора да избере и нов претседател до 5 март, процес што ќе се покаже како предизвикувачки бидејќи бара двотретинско мнозинство. Без таква поддршка, на Курти ќе му биде потребна поддршката од опозицијата или ќе се соочи со уште едни предвремени избори, објави Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Објавено пред

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални медиуми.

dobivaj vesti na viber

Мосери е првиот извршен директор кој сведочи во историското судење за зависност од социјалните медиуми против Мета, матичната компанија на Инстаграм, во кое сега 20-годишна жена тврди дека технолошките компании намерно развиле функции кои предизвикуваат зависност за да привлечат млади корисници, што таа вели дека ѝ наштетило на менталното здравје, објавува Си-ен-ен.

Тужбата е прва од повеќе од 1.500 слични случаи што ќе завршат на суд и би можела да постави преседан за тоа дали гигантите на социјалните медиуми можат да бидат одговорни за тврдењата за оштетување на менталното здравје на младите луѓе.

Марк Ланиер, адвокатот на тужителот, го праша Мосери дали Инстаграм го става профитот пред здравјето и безбедноста на малолетниците и дали ја надгледува апликацијата што е насочена кон помладите корисници.

Мосери рече дека не верува дека е можно да се биде зависен од Инстаграм, но призна дека „проблематичното користење“ е можно, иако варира од личност до личност. Тој ја спореди состојбата со „гледање повеќе телевизија отколку што ви е удобно“. „Релативно е“, рече тој. „Да, поединецот може да го користи Инстаграм повеќе отколку што му е удобно“.

Тужителката, идентификувана како Кејли, почнала да го користи Инстаграм кога имала девет години, иако старосната граница на апликацијата е 13 години, рече Ланиер.

Во своето воведно излагање, адвокатот ги истакна функциите како што се „бесконечно скролување и автоматско пуштање“ и копчето „ми се допаѓа“. Во тужбата, исто така, се тврди дека „филтрите за убавина“ придонеле за телесна дисморфија и дека таа доживеала вознемирување и сексуално вознемирување на Инстаграм.

Пред сведочењето на Мосери, група родители кои велат дека ги изгубиле децата поради штетните ефекти на социјалните медиуми се собраа пред судницата. „Никогаш нема да престанеме да се бориме, затоа сме тука“, рече Јулијана Арнолд, чија 17-годишна ќерка Коко почина откако постар маж со кој беше поврзана на Инстаграм ѝ дал апче со фентанил.

Адвокатот Ланиер го испрашуваше Мосери детално за филтрите за убавина на Инстаграм, особено оние што ги менуваат лицата на корисниците на начини за кои некои велат дека промовираат козметичка хирургија.

Ланиер презентираше интерни документи од 2019 година во кои раководителите на Мета дискутираа за забрана на вакви филтри. Во еден е-мејл се вели дека експертите се „едногласни за штетите“. „Зборуваме за поттикнување на телесна дисморфија кај млади девојки“, се вели во друг е-мејл од раководител.

Мосери потврди дека Инстаграм првично одлучил да ги забрани сите филтри што го искривуваат лицето, но подоцна ја поништил својата одлука. Дозволил некои такви филтри, но ги забранил оние што промовираат козметичка хирургија за да се фокусира на спречување на „најефикасните ефекти“, рече Мосери. Во времето на таа промена на политиката, тужителката Кејли имала 14 години, забележа Ланиер.

Ланиер, исто така, цитираше необјавена интерна студија на Мета наречена „Проект Мист“.

За време на неговото воведно излагање, адвокатот рече дека студијата пронашла докази дека децата кои доживеале „негативни ефекти“ имале поголема веројатност да станат зависни од Инстаграм и дека родителите биле немоќни да ја спречат зависноста. Мосери рече дека ја познава студијата, но не се сеќава на никакви детали за неа. „Го поддржував и генерално го поддржувам истражувањето“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија16 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија16 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија18 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ19 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија21 час

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија21 час

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија22 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија22 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа22 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет22 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет1 ден

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет1 ден

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет1 ден

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија2 дена

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија2 дена

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...