Македонија
ЛДП:Владата да ги тргне рацете од МРТВ
ЛДП најостро реагира на намерата на владата за покачување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари.
ЛДП најостро реагира на намерата на владата за покачување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари.„Ја повикуваме Владата да се откаже од намерата за покачување за 50% на радио дифузната такса, во целост да ги тргне рацете од МРТВ со што ќе се овозможи да ја исполнува улогата на јавен сервис на граѓаните, а не сервис на Владата“, изјави денеска Роза Топузовска-Каревска од ЛДП.Според неа, со покачувањето на радио дифузната такса за 50%, последното поскапување на парното греење, најавеното покачување на електричната енергија и уште едното покачување на парното греење по Нова година, се премногу, како што рече, за семејниот буџет на крајно осиромашениот граѓанин.„Ако во 2008 година имало 480 000 претплатници, а МРТВ во еден наврат најави дека бројот на претплатници од година во година се зголемува, логично е да се очекува дека во овој момент има преку 500 000 претплатници. Зголемувањето од едно евро значи преку 500 000 евра месечно или преку 6 000 000 евра годишно повеќе пари за таканаречениот јавен сервис. Од друга страна со секој нов буџет и ребаланс се издвојуваат се повеќе средства за овој сервис“, рече Топузовска-Каревска.Според неа, граѓаните од јавниот сервис не добиваат ништо за возврат.„Само во последниве две седмици се емитуваа шест репризи на реалното шоу – Владина седница и исто толку репризи на виртуелното обраќање на премиерот Никола Груевски за 100 дена влада. Потоа следува блок реклами од владата со кои ги убедуваат граѓаните дека живеат убаво и богато“, вели Топузовска-Каревска.Таа додава дека со парите од граѓаните се полнат џебовите на одредени структури во МРТВ и власта. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



