Спорт
ЛШ: Виљареал гостува во Одензе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/4340c429-da3c-4809-bd7a-09be9c51f60f.jpeg)
Вечерва ќе се одигра втората половина од првите натпревари, од последното квалификациско коло за пласман во фудбалската Лигата на шампиони.
Вечерва ќе се одигра втората половина од првите натпревари, од последното квалификациско коло за пласман во фудбалската Лигата на шампиони. Вечерва на програмата на стадионите во Минхен, Загреб, Хаифа, Одензе и Краков ќе се одиграат пет натпревари. Најинтересен се очекува да биде дуелот во Одензе, помеѓу истоимената екипа и шпанскиот преставник Виљареал. Фудбалерите на „жолтата подморница“ се фаворити во овој двомеч, но опомена дека не треба да се опуштат треба да им биде двомечот на Одензе со Панатинаикос, во кој данските фудбалери забележаа две победи. Комплетни двојки за вечерва:Минхен: Баерн-ЦирихЗагреб: Динамо-МалмеХаифа: Макаби-ГенкОдензе: Одензе-ВиљареалКраков: Висла-АПОЕЛ. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803552.jpg)
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Кен и Фиорентина го нокаутираа Интер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803566.jpg)
Фудбалерите на Фиорентина убедливо го совладаа Интер со 3:0 (0:0) во натпреварот од 14. коло од италијанската Серија А.
Фиорентина и Интер играа на 1 декември минатата година, но натпореварот беше прекинат во 15.минута кога Едуардо Бове колабираше на теренот.
Нов датум се најде дури два месеци подоцна и Фиорентина одигра многу подобро особено во последните 30 минути.
„Виолетовите“ успеаја да постигнат три гола од 60. до 89.минута против бранителот на титулата.
Стрелец на првиот гол беше Лука Раниери во 60. минута, а осум минути подоцна Мојс Кен го удвои водството на домашните.
Точка на натпреварот во 89. минута стави Кен и само потврди дека ја игра најдобрата сезона во кариерата.
Фиорентина скокна на четвртото место со 42 освоени бода, додека Интер има 51 на втората позиција, три помалку од водечкиот Наполи.
Овие две екипи повторно ќе се сретнат веќе во понеделник, кога Интер ќе биде домаќин во 24. коло од Серија А.