Македонија
Анова и Трпковски двајцата нови пратеници

Сузана Анова и Стевче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ, според Државната изборна комисија, се двајцата нови пратеници кои доаѓаат на местото на Никола Груевски и Горан Трајковски.
Сузана Анова и Стевче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ, според Државната изборна комисија, се двајцата нови пратеници кои доаѓаат на местото на Никола Груевски и Горан Трајковски.Верификационата комисија денеска ги потврди мандатите на Анова и Трпковски врз основа на извештајот на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот од мандатот за пратеник во Собранието, согласно член 153 од Изборниот законик.Двајцата се од кандидатската листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица еден.Пратеникот Јани Макрадули забележа дека оставката на пратениците била констатирана во нивно отсуство и рече дека со тоа е извршено кршење на Уставот.„Пратеникот оставката ја поднесува лично согласно Уставот. Апелирам да не се случи злоупотреба партискиот врв да злоупотреби некој непослушен пратеник. Ако ова мине, ќе има злоупотреба. Трајковски и Груевски немаа 30 секунди да дојдат на седница и да кажат дека дале оставка. За 30 секунди го уриваме Уставот“, истакна Макрадули.За утре претседателот на Собранието. Трајко Вељаноски ја закажа третата седница на овој пратенички состав на која треба да бидат изгласани предлозите за потпретседатели на парламентот и да биде констатиран мандатот на двајцата нови пратеници./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)