Црна хроника
Спречен обид за шверц на 1,5 килограми злато
Злато тешко околу 1,5 килограми е пронајдено во специјално изработен бункер во турски автобус што сообраќал на релација Истанбул-Гостивар.
Мобилен царински тим во среда наутро при рутинска контрола на патниот правец Велес-Скопје, сопрел автобус со турски регистарски таблички, кој преку ГП Богородица во Македонија влегол од Грција.
Заради немање соодветни услови за спроведување на детален преглед, автобусот со царинска придружба е преупатен во царинската испостава Скопје 4, каде што е извршено детално пребарување. Притоа, под компресорот за клима уредот, во држачот за истиот е откриен специјално изработен бункер за криумчарење стока од каде се извадени 28 пакувања со 104 златни алки со вкупна тежина од околу 1,5 кг.
Македонски државјанин кој во автобусот вршел должност на стјуард изјавил дека златото е негово.
Случајот е предаден на Одделението за истраги кои во моментов вршат распит.
Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

