Македонија
СДСМ: Со измените на Законот за државни службеници ќе има масовно отпуштање
Oпозициската СДСМ денеска обвини дека со новите измени на Законот за државните службеници кои ги предлага Владата ќе има масовно отпуштање од работа и замена со политички “подобни“ кадри.
„Цел на предложените законски измени, не е подобрување на ефикасноста на државните службеници, не е гарантирањето на нивната департизација, не е нивното остручување и професионализација, не е подигањето на квалитетот на нивните услуги, туку нивно масовно отпуштање од работа и замена со политички “подобни“ кадри, пред да се спроведат предвремените избори“, рече потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Според него, со донесувањето на ваквите измени ќе се случи, како што рече, вистински терор врз секој неистомисленик на власта.
Тој истакна дека неговата партија нема да поддржи ваква девалвација и понижување на државната администрација.
„Го повикуваме Груевски да го повлече овој срамен Закон и наместо да смислува начини за селективно казнување и отпуштање на службениците, да формира Центар за нивна обука и специјализација“, рече Георгиев./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

