Свет
Фидел Кастро : Сторена е голема неправда врз хомосексуалците
Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро ја презеде одговорноста за владиниот прогон на хомосексуалците по кубанската револуција,бидејќи во тоа време бил преокупиран со други проблеми, пишува весникот „La Journada“.
Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро ја презеде одговорноста за владиниот прогон на хомосексуалците по кубанската револуција,бидејќи во тоа време бил преокупиран со други проблеми, пишува весникот „La Journada“.
„Ако е некој одговорен, тоа сум јас.Нема да им ја префрлам вината на другите“, вели Кастро во интервјуто додавајќи дека во тоа време бил зафатен со други работи како заканите од САД и обидите за атентат.
По револуцијата во 1959. кубанската власт покрена акција со која сакаа земјата да ја ослободат од хомосексуалноста бидејќи ја сметаа за производ на капиталистичкото општество.
Во 60-те и 70-те години, голем број хомосексуалци добија отказ, завршија во затвор без судење или во „камповите за превоспитување“.
Хомосексуалноста е конечно декриминализирана во 1979. година, а кубанското државно здравство денес на осигурениците им ја плаќа промената на полот./крај/лс/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5 степени го погодија тибетскиот округ Тингри
Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија округот Тингри во Тибет, соопшти Кинескиот центар за земјотресни мрежи.
Во моментов нема информации за евентуални жртви или материјална штета, пренесе Ројтерс.
Тибет минатата недела беше погоден од земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер, при што загинаа 126 лица, а 337 беа повредени.
Свет
Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами откако земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија, јавува Си-Ен-Ен.
Издадено е предупредување за цунами за префектурите Мијазаки и Кочин, соопшти JMA, пренесе Кјодо.
Во префектурата Мијазаки веќе е забележано цунами високо 20 сантиметри, а според јапонската агенција, не се потврдени оперативни аномалии во нуклеарната централа во префектурата Ехиме.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Свет
Песков: Русија ќе бара алтернативни патишта за своите енергетски ресурси по американските санкции
Русија ќе бара алтернативни патишта за испорака на своите енергетски производи за да ги минимизира последиците од американските санкции, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
САД во петокот воведоа санкции за повеќе од 200 компании и поединци поврзани со рускиот енергетски сектор, како и за над 180 брода, со цел да се ограничи пристапот на Москва до меѓународните пазари и да се намалат приходите од извозот на нафта и гас.
Како дел од пакет-санкциите, се воведуваат и ограничувања за компаниите што се занимаваат со експлоатација и преработка на енергетски ресурси, како и за бродовите што се занимаваат со транспорт.
Според Песков, новите санкции против руските енергетски производи водат кон дестабилизација на светските пазари.
„Многу внимателно ќе ги следиме последиците од овие одлуки“, рече портпаролот коментирајќи ги американските санкции против раководството на „Росатом“ и ризиците за спроведувањето на проектите на компанијата поврзани со изградбата на нуклеарни централи во странство.
Претходно, САД воведоа најобемни санкции против рускиот енергетски сектор, објави американското Министерство за финансии. Санкции беа изречени и за руско-српската компанија „Нафтена индустрија Србија“ (НИС).