Спорт
Типсаревиќ влезе меѓу првите десет на АТП листата
Србија за прв пат во својата историја има двајца тенисери меѓу најдобрите десет на светот. На најновата АТП листа која е објавена денеска Новак Ѓоковиќ е на првото, а Јанко Типсаревиќ на деветото место.
Србија за прв пат во својата историја има двајца тенисери меѓу најдобрите десет на светот. На најновата АТП листа која е објавена денеска Новак Ѓоковиќ е на првото, а Јанко Типсаревиќ на деветото место. Типсаревиќ, во однос на минатата недела, направи скок од четири места, од 13-то на деветото место. Покрај влезот на Типсаревиќ меѓу првите десет се случија уште неколку промени. Жо-Вилфред Цонга, благодарение на пласманот во финалето на турнирот во Париз, скока на шестото место, веднаш зад Давид Ферер, а пред Томаш Бердих.Осмата позиција, по скокот за едно место, ја држи Марди Фиш, зад него се Типсаревиќ и Николас Алмагро. Токму овие двајца тенисери ќе бидат првите замени за финалниот турнир во сезоната, кој во недела ќе започне во Лондон. Завршниот Мастерс од првото место го чека Ѓоковиќ, тој има повеќе од 4.000 поени пред Надал, зад нив се Мареј и Федерер. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Атаман повеќе да работи, помалку да зборува, Слукас нема самодоверба“
Пини Гершон,легенда на Макаби и европската кошарка, кој со Макаби ја освои Евролигата во 2004 и 2005 година, го критикуваше Панатинаикос и пред се тренерот Ергин Атаман.
Макаби води со 2-1 во четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата, а четвртиот меч се игра вечерва во Белград.
„Атаман зборува повеќе отколку што си ја врши својата работа како тренер. Разбирам дека е под голем притисок, но мислам дека за следната сезона е поблиску до Турција отколку до Грција. Не сакам да се мешам во политика бидејќи тоа се глупости“, вели 72-годишниот Гершон и додава:
„Тој и Димитрис Јанакопулос (сопственикот на Панатинаикос) ја измислија приказната за да ги стават судиите под притисок, но однесувањето на Панатинаикос во последните години не прави Евролигата да биде на нивна страна.“
На Гершон не му се допадна говорот на телото на Атаман ниту за време на третиот натпревар.
„Некои играчи на Панатинаикос не го сакаат за тренер. Во третиот натпревар седна на клупата, а тоа испраќа лоша порака до играчите. Тренерот секогаш треба да биде активен, за играчите да почувствуваат дека е присутен“.
Вејд Болдвин, кој не играше во третиот натпревар е неизвесен и за натпреварот број 4.
„Макаби е подобар тим со Болдвин, но покажаа дека се супериорни и без него. Ако се врати по четврти натпревар, тоа може да биде големо психолошко засилување за нив“.
Исто така, Гершон смета дека на Костас Слукас му недостасува самодоверба.
„Кошаркарите на Панатинаикос ја изгубија самодовербата, видов играч од 3,5 милиони евра без самодоверба. Слукас е искусен, но ја загуби самодовербата“, заклучува Гершон.
Спорт
(Видео) Карагер заврши во „Жолтиот ѕид“ па пијан ги ги интервјуирал играчите
Џејми Карагер не можеше да одолее на привлечноста на „Жолтиот ѕид“. Првиот полуфинален натпревр во Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:0) го искористи од прва рака да ја почувствува атмосферата на „Вестфален“.
Карагер од трибината, со навивачите на Борусија го виде победничкиот гол на Никлас Филкруг, со кој Борусија обезбеди минимална предност пред реваншот во Париз.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, сега фудбалски коментатор и аналитичар одлично се забавуваше меѓу најверните навивачи на „милионерите“. Можеби малку премногу, бидејќи се врати во алкохолизирана состојба.
Од студиото го прашаа дали е доволно трезен за да го води интервјуто, кога се врати и го зазеде своето место покрај Петер Шмајхел.
„Тоа всушност има смисла, затоа што не јадев премногу. Јадев чизбургер ооколу два и пол кога стигнав до хотелот. Тоа може да објасни зошто ми се платка јазикот додека зборувам! Осум пива на „Жолтиот ѕид“, имам ново семејство, ново семејство на пријатели, тоа беше едно од најдобрите искуства во мојот живот, неверојатно“, одговори Карагер.
Во микс зоната, Карагер и Шмајхел го интервјуираа Џејдон Санчо. Карагер го праша: „Ако дојдеш до финалето можеме ли заедно да испиеме неколку пива“.
„Не пијам“, кратко му одговори Санчо.
Jamie Carragher smashed after 8 pints, interviewing Jadon Sancho…
CBS never misses 🤣🤣 pic.twitter.com/CCnsZ7ZMgA
— Project Football (@ProjectFootball) May 1, 2024
Спорт
Анадолу Ефес верува во Мијатовиќ
Хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ ја продолжи соработката со Анадолу Ефес, потврди од клубот од Истанбул.
Мијатовиќ го презеде турскиот тим на почетокот на февруари, истиот ден кога беше објавено дека ќе си замине Ердем Џан.
Во тој момент Ефес беше на 16. место во Евролигата, но до крајот на регуларниот дел успеа да се избори за место во плеј-ин.
Таму беа елиминирани од Виртус, но клупските челници искажаа задоволство од неговата работа, поради што и му понудија договор на две сезони.
Ефес пред три дена ја совлада Дарушафака во 29. коло од турскиот шампионат и со тоа го обезбеди првото место пред почетокот на плеј-офот.