Регион
Клинтон: Несомнена е независноста на Косово

САД се спротиставуваат на секое сомневање во независноста на Косово, потенцираше американската државна секретарка Хилари Клинтон по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи во средата во Приштина.
„САД ќе се спротивстават на секое разгледување на територијални измени или на статусот на независноста на Косово. Овие прашања не се предмет на дискусија“, истакна Клинтон за време на посетата на Приштина.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон и високата претставничка на ЕУ за заедничка внатрешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, го повикукаат Косово на дијалог со Србија од која поранешната покраина се отцепи во февруари 2008 година, и бараат негова евроатлантска интеграција.
Шефиците на дипломатиите на САД и на ЕУ, пристигнаа во вторникот во текот на ноќта во Приштина, каде што беа пречекани од косовската претседателка Атифете Јахјага Средби со другите косовски челници се планирани во текот на средата.
САД, следена од Европската унија, се главниот поддржувач на независноста на Косовоа, којашто досега ја имаат признаено 90 земји, од кои 22 се од 27-члената европска унија.
Претходно во вторникот во српската престолнина Белград Клинтон и Ештон повикаа на дијалог и „нормализирање на односите“ меѓу Србија и Косово, иако Белград продолжува косово да го смета за своја покраина којашто спротивно на меѓународните норми прогласила одвојување.
Притоа Клинтон и Ештон нагласија дека дијалогот „не ја обврзува Србија да го признае Косово“.
Хилари Клинтон од понеделникот се наоѓа во неколкудневна посета на земји од Балканот, за да апелира на интеграција на регионот во Европската унија и НАТО. „Повикот што го испратив од Сараево и Белград, ќе го повторам и во Приштина“, државната секретарка на САД./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.
Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.
Регион
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на која доделуваше ордени за Видовден, претседателот Вучиќ кажа дека граѓаните не треба да се грижат за она што ќе се случува вечерва.
„Денес е убав ден, денес е голем ден, денес е празник, денес е Видовден. Ќе видите, ведро е, што е тоа мал број на луѓе на литературното попладне, или вечер, весели луѓе кои го слават празникот, кои го слават Видовден, весели луѓе бидејќи знаат дека Србија победила. А вечер ќе видите бесни луѓе, некои кои на крајот ќе завршат во насилство затоа што не си оставиле друг избор“, рече Вучиќ и додаде: “Немам страв за конечниот исход, Јас уште еднаш ја користам оваа прилика, ги молам како татко да не го прават тоа. Секогаш е подобро да се повлечете во некој момент отколку да направите некаква лудост поради која ќе се каете цел живот. Но, тука завршувам. Немам баш никаков страв за тоа каков е конечниот исход. Само сакам да ја сочувам целата ситуација, пред се младите луѓе и овие постари“, рече претсетдателот Вучиќ.
Зборувајќи за најавениот протест на студентите кажа и точно кога очекува да почне насилството.
„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече претседателот Вучиќ.
Почетокот на протестот на студентите во Белград е најавен за вечерва во 18 часот. Ќе трае три часа, а студентите се оградија од сите настани што ќе се случуваат по 21 часот.