Македонија
ММФ: Оптимизам во поглед на економската состојба во Македонија
ММФ оптимистички гледа на економската состојба во Република Македонија, иако се уште постојат ризици, додека Владата треба да одлучи за понудениот кредит, стои во оценката по двонеделниот престој на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјата
Ваква е оцената што во средата ја соопшти првиот човек на Мисијата на ММФ за Македонија. Вес Мекгру на заедничка прес-конференција со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Петар Гошев.Притоа Мекгру рече дека фискалниот таргет за наредната година е соодветен, а кај монетарната политика смета дека е ограничен просторот за натамошно релаксирање. Тој забележа и на постоењето повисоки надворешни ризици отколку вообичаено.За отворената кредитна линија од страна на ММФ, тој истакна дека разговорите што се водени се позитивни но дела останува на Владата да одлучи дали ќе ги користи средствата.Вицепремиерот Зоран Ставрески рече дека Владата се уште не одлучила по ова прашање и дека ќе се направат политички консултации во Сорбанието по што ќе се донесе одлука дали ќе се користат средствата од кредитната линија за претпазливост.Ставрески нагласи и дека во текотна двонеделните разговори биле верифицирани „економските политики кои се добри и соодветни на состојбите во кои живееме“ и била направена верификација на тоа дека може да се очекува следната година позабележително заздравување на македонската економија.Гувернерот на НБМ Петар Гошев изрази задоволство што оценките за македонската економија се речиси идентични и во зависност од светската економија може да очекуваме и македонската економија да доживее забрзување.Што се однесува до прашањето на монетарната политика, Гошев нагласи дека НБМ продолжува со својот стандарден пристап со стабилен девизен курс и контролирана инфлација и барање можност да го помогне кредитниот раст што се очекува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 11 часот во четирите општини е 3,32 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 11:00 чaсот, од вкупно запишани 128.286 гласачи на 215 избирачки места од општините Врапшиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник на општина, гласале
3.553 гласачи, односно 3.32 %.
– Врапшиште, гласале 834 гласачи, односно 3.02 %.
– Гостивар, гласале 1937 гласачи, односно 3.14 %.
– Центар Жупа, гласале 168 гласачи, односно 2.22 %.
– Маврово и Ростуше, гласале 624 гласачи, односно 5.90 %.
Како што информира ДИК, во споредба со гласањето на 19 октомври 2025, до 11:00 часот, на овие повторени избори се забележува разликата во однос на излезеноста во овие општини и тоа:
– Врапшиште, зголемена за 0.48_%.
– Гостивар, намалена за 1.96 %.
– Центар Жупа, намалена за 2.61 %.
– Маврово и Ростуше, намалена за 5.82 %.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.

