Европа
Мапа од бриселскиот аеродром била најдена во станот во Атина на организаторот на нападите во Париз

Мапа на меѓународниот бриселска аеродром Завентем кој беше нападнат во вторникот од бомбаши самоубијци била пронајдена во стан во грчката престолнина Атина во кој престојувал Абделхамид Абаауд, еден од организаторите на нападите од ланскиот 13-ти ноември во Париз, пишува во неделата агенцијата Belga.
„Цртежи и шеми на аеродромот во Брисел биле откриени во компјутерот и USB стик во стан во Атина, каде што во јануари 2015 година престојувал Абделхамид Абаауд, еден од организаторите на париските терористички напади“, пренесува агенцијата повикувајќи се на своите извори во истрагата.
Претходно оваа информација ја објавија и некои грчки медиуми, повикувајќи се на извори во тамошната полиција.
Грчкото обвинителство не ја потврдило за белгиската новинска агенција оваа информација.
Истовремено, веб страницата на грчката телевизија Skai ги истакнува тешкотиите во соработката на белгиските и грчките власти по прашањето на размената на податоците за сомнителните лица особено во услови на огромниот мигрантски бран кој ја зафати минатата година Европа.
Претходно во петокот вечерта белгискиот министер за внатрешни работи Јохан Јан Јамбон вината ја префрли врз полициската небрежност како причина што не било влезен во трага на милитантот на Исламската држава Ибрахим Бакрави, кого минатата година го протерала Турција, а тој во вторникот се разнесе во Брисел.
Белгиските власти се соочија со непријатности откако Турција во средата објави дека го претерала Ибрахим Ел Бакрави назад во Европа минатиот јули, предупредувајќи дека е милитант. Ибрахим Ел Бакрави е еден од бомбашите кои се разнесоа во нападите во вторникот, разнесувајќи се на бриселскиот меѓународен аеродром Завентем.
Во февруари 2015 година за време на антитерористичка операција во Белгија биле откриени документи кои покажувале дека се подготвуваат големи терористички напади на територијата на земјата. Водачот на таа група, Абделхамид Абауд, го избегна апсењето, бидејќи во тој момент се наоѓал на боиштето во Сирија.
Подоцна тој бил еден од главните организатори на терористичките напади во Париз од 13-ти ноември 2015 година кога беа убиени 130 луѓе а повеќе од 350 беа ранети. Тој беше ликвидиран неколку дена подоцна во престрелка со француската полиција во париското предградие Сен Дени.
Серија терористички напади се случија во Брисел утрото на 22-ри март. Две експлозии предизвикаа бомбаши самоубијци на терминалот за полетување на меѓународниот аеродром Завентем, а уште едена експлозија имаше во станицата на подземната железница Малбек, во близина на европскиот кварт. Според досегашните информации, во нападите загинаа 31 човек, а 316 лица се ранети./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
По протестот за железничката несреќа во Атина се фрлаа молотови коктели

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.
Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец.
Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

Украинските беспилотни летала нападнаа неколку руски нафтени објекти синоќа вклучувајќи ја најголемата рафинерија на „Роснефт“ во Рјазан и складиште за нафта во окупираниот регион Луганск. Веста ја потврди Роберт (Мадијар) Бровди, командант на украинските беспилотни сили, објави „Киев индепендент“.
„Бензинот (во Русија) е при крај, а гасот и нафтата бргу исчезнуваат“, напиша Бровди на социјалните медиуми.
💥 Drones hit a refinery in Russia’s Ryazan, setting it ablaze. Ukraine confirms strikes on both the Ryazan refinery & an oil depot in occupied Luhansk. #MakeRussiaPay pic.twitter.com/PaSlQskXGq
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) September 5, 2025
Жителите на Рјазан, град на 180 километри југоисточно од Москва, им ги пријавија на руските медиуми експлозиите околу 2 часот наутро, проследени со голем пожар што го осветли ноќното небо. Фотографиите и видеата што бргу се проширија на интернет покажаа густ црн чад што се издига од рафинеријата на јужните периферии на градот.
Објектот, со капацитет од 13,8 милиони тони годишно, веќе беше цел на украински беспилотни летала на 2 август кога две од неговите три главни единици беа принудени да се затворат.
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 5, 2025
Регионалниот гувернер Павел Малков изјави дека осум дрона биле соборени, а остатоците паднале врз индустриската зона тврдејќи дека немало жртви или штети на станбени згради. Тој не коментира директно за извештаите за пожарот во рафинеријата.
Во меѓувреме, во окупираниот регион Луганск локалните жители пријавија дека виделе црн чад доцна во четвртокот вечерта. Мадјар потврди дека украинските беспилотни летала погодиле складиште за нафта во регионот, иако обемот на штетата сè уште не е познат.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило вкупно 92 украински беспилотни летала.
фото: принтскрин
Европа
Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

Во напад со руски беспилотни летала загинаа три лица во регионот Харков во источна Украина, изјави синоќа гувернерот Олег Синегубов.
„Околу 21:30 часот по локално време, Русите го нападнаа селото Хотимља со беспилотни летала“, напиша тој на Телеграм. Во нападот загинаа двајца 40-годишни мажи и една 25-годишна жена, рече тој. Двајца други мажи се исто така повредени и хоспитализирани.
Украина: Жртвите работеле на поправки на патишта
Синегубов, исто така, рече дека некои од жртвите работеле на поправки на патишта.
Претходно во четврток, двајца украински деминери беа убиени за време на руски напад во северна Украина, во област што руските сили ја окупираа на почетокот на инвазијата, објавија украинските власти и една невладина организација.
Руското Министерство за одбрана, од своја страна, извести за „уништување на точка за подготовка и лансирање на беспилотни летала со долг дострел што им припаѓаат на украинските вооружени сили во регионот Чернигов“, негирајќи дека жртвите биле хуманитарни работници.
Неколку предупредувања за воздушни напади беа издадени во Украина синоќа по самитот на Коалицијата на волните во Париз.
фото: принтскрин