Македонија
МНР: Стојановски останува на амбасадорската функција во Австралија

Министерството за надворешни работи ги демантира информациите на Радио Илинден-Мелбурн дека амбасадорот на Македонија во Австралија се повлекува од амбасадорското место.
Министерството за надворешни работи ги демантира информациите на Радио Илинден-Мелбурн дека амбасадорот на Македонија во Австралија се повлекува од амбасадорското место.
„Амбасадорот Стојановски останува на својата позиција на која е назначен и ќе ја извршува функцијата Амбасадор на Република Македoнија во Канбера, Австралија, се до завршувањето на својот мандат. Не постои било каква „согласност издадена од Министерството за надворешни работи за разрешување. Нема најава, па ниту постои било каква причина, амбасадорот Стојановски да ја напушти амбасадорската функција и да биде ангажиран на друга функција или како што е наведено во спорниот текст „ќе продолжи да работи за Обединетите Нации, на работно место во Австралија“ се вели во демантот на Министерството на надворешни работи.
„Радио Илинден -Мелбурн“ информираше дека амбасадорот се повлекува од амбасадорската функција по негово барање./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.