Свет
Во Кабул 10 убиени, од кои 8 војници на НАТО

Осум војници на НАТО во Авганистан од мисијата ИСАФ се убиени денеска во престрелката на воениот аеродром крај авганистанскиот главен град Кабул, соопштија меѓународните сили кои доживеаја уште еден тежок удар во процесот на обука на авганистанските сили.
Осум војници на НАТО во Авганистан од мисијата ИСАФ се убиени денеска во престрелката на воениот аеродром крај авганистанскиот главен град Кабул, соопштија меѓународните сили кои доживеаја уште еден тежок удар во процесот на обука на авганистанските сили.Во авганистанските сили се’ почесто се инфилтрираат талибанските бунтовници кои тврдат дека нивни припадници го извршиле и денешниот напад. Авганистанските сили се обучувани од припадници на контигентите на членките на НАТО и други партнерски земји како што е Македонија, и треба да ја гарантираат безбедноста на земјата кога ќе го заменат НАТО кон крајот на 2014 г. Талибаните, пак, во порака до Associated Press соопштија дека нивен „вработен“ во базата извел бомбашки напад.Престрелката се случи околу 11.30 часот по локално време (6.30 часот по македонско време) во центарот за обука на авганистанските воздухопловни сили, што го води НАТО во рамките на воениот аеродром во еден од најдобро обезбедуваните комплекси во Кабул. Осум војници на мисијата ИСАФ и еден соработник биле убиени во престрелката со лесно вооружување, соопшти командата на мисијата на НАТО во Авганистан.Вообичаено, командата на Меѓународната мисија за помош на Авганистан не ја соопштува националноста на убиените војници, оставајќи го тоа прво да го сторат националните министерства за одбрана или командите на земјите кои имаат единици што учествуваат во мисијата ИСАФ.Портпаролот на ИСАФ потврдил за AFP, дека станува збор за пукање од огнено оружје во центарот за обука на авганистанските воздухопловни сили на воениот аеродром во Кабул.Авганистанското министерство за одбрана престрелката ја припиша на кавга меѓу странските со еден авганистански војник и прецизира дека Авганистанецот бил убиен во престрелката. Авганистанскиот министер за одбрана изјави дека нападот се одиграл по кавга меѓу авганистански и странски војник. Министерот не сакал да ја наведе бројката на жртвите и ја отфрлил можноста дека станува збор за напад на бунтовниците.Според BBC, станува збор за авганистански пилот кој исто така бил убиен во престрелката. Како што забележува британскиот јавен радиодифузер, ова е последен од серијата бројни напади врз странските војници.Инцидентот се случи по неколкуте напади што ги преземаа талибанските бунтовници на чувствителни и добро обезбедувани цели во Авганистан, особено објекти на безбедносните сили. . Оваа престрелка е најкрвавиот инцидент во кој настрадаа припадници на НАТО во Авганистан, по уривањето на хеликоптерот кога загинаа девет американски војници на 21-ти септември минатата година во јужниот дел од земјата./ крај/ро/афп.сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индонезија, Азербејџан и Пакистан – три земји во преговори за мировна мисија во Газа

Американски официјален претставник изјави дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан разговараат со САД за можноста да испратат војници во идната меѓународна мисија за стабилизација на Пojaсот Газа, објави американски функционер од одбраната, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите, јавува „Политико“.
Ова е дел од планот во 20 точки за мир предложен од Доналд Трамп, кој предвидува привремени сили за обука и поддршка на палестинската полиција и соработка со Египет и Јордан.
САД нагласуваат дека американски војници нема да влегуваат во Газа, туку ќе дејствуваат од координативен центар северно од Израел. Египет, Катар и ОАЕ ќе имаат свои официри таму. Досега нема официјални потврди од трите земји.
Целта на мисијата е привремено да се обезбеди обука на палестинските безбедносни структури и да се овозможи разоружување на Хамас. Аналитичари и дипломати ја доведуваат во прашање изводливоста на планот, а формирањето на силите може да трае неколку месеци од моментот на одлуката.
Свет
„Борбата не е завршена“ – Нетанјаху решен да ги врати сите тела на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е решен да ги врати сите тела на заложниците што сè уште се во рацете на Хамас.
Тој ја повтори својата порака за време на одбележувањето на втората годишнина од нападот на Хамас велејќи:
„Борбата уште не е завршена, но едно е јасно – секој што ќе крене рака против нас, ќе плати висока цена“.
Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот за примирје, според кој сите заложници – живи и мртви – требало да бидат предадени до понеделник. Хамас предаде 20 живи заложници и девет тела, но тврди дека за другите му е потребна специјална опрема за пребарување под урнатините.
Министерот за одбрана Израел Кац порача дека ако Хамас не го почитува договорот, Израел во координација со САД ќе ја продолжи офанзивата до целосен пораз на организацијата.
Свет
Мерц предлага заем од 140 милијарди евра за Украина, обезбеден со рускиот замрзнат имот

Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе предложи Украина да добие заем од 140 милијарди евра, гарантиран со замрзнатиот имот на Руската централна банка.
Средствата би биле наменети исклучиво за финансирање на одбраната, а Киев би ги вратил дури по добивањето репарации од Русија.
Планот е усогласен со иницијативата на Урсула фон дер Лајен за користење на руските средства како гаранција, без директно задирање во нив.