Македонија
Премиерот Груевски ги пушти во употреба новите простории на Инфо центарот на „Службен весник“

Премиерот Никола Груевски денеска ги пушти во употреба новите простории на Инфо центарот и библиотеката на ЈП „Службен весник на Република Македонија“, кои се наоѓаат во близина на Трговскиот центар „Буњаковец“
„Денеска дојдов да го посетам Службен весник, претпријатие кое брзо се развива и покажува сериозен напредок во својот развој. Главната причина за доаѓањето беше отворањето на Инфо центарот во кој сите граѓани на Република Македонија бесплатно ќе може да ги прелистуваат службените весници од 1945 година до денеска“, изјави премиерот Груевски по официјалното пуштање во работа на новите простории.Груевски појасни дека сега засега во дигитална форма се достапни само Службените весници од 2001 година наваму, а останатите од 1945 до 2001 се во писмена форма, и најави дека за 10 месеци сите изданија ќе бидат достапни во дигитализирана форма.„Од она што можев да го видам и да го чујам од разговорите со директорот и неговите соработници ова државно претпријатие има значаен напредок и многу инвестирања во ИТ технологија и во начин на работа кој е безбеден за што има добиено и меѓународни сертификати 9001 и 27001“, рече Груевски и додаде дека стандардот кој е значаен за безбедноста на преносот на податоците, го имаат добиено само 300 компании во Европа.Груевски истакна дека во ЈП „Службен весник“ доста е инвестирано и во брзата комуникација со институциите кои електронски им ги доставуваат материјалите за објавување како што се Собранието и Владата на Република МакедонијаВо инфо центарот сите граѓани на Република Македонија ќе можат да ги најдат дгитализирани сите весници од 1945 година па до денес. Моментално ги има од 2001 година па наваму, меѓутоа во текот на останатите месеци ќе ги има сите службени весници. Тука ќе може секој граѓанин да дијде и да се информира бесплатно. Исто така граѓаните ќе можат да се информираат и преку веб сајтот на „Службен весник“ www.slvesnik.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).