Свет
Ерменската мафија осомничена за масакрот во Холивуд

Полицијата нема се’ уште никаква трага за четирикратно убиство во медитеранскиот ресторан во Холивуд, а медиумите покажуваат на ерменската мафија
Четири лица се убиени а две се ранети во нападот кој во Холивуд се случи во сабота доцна попладне. Полицијата на Лос Анџелес не е сигурна дали убиецот ој ладнокрвно влегол во ресторанот и почнал да пука имал помагач или бил сам. Associadet Press пренесува дека тројца мажи починале веднаш во ресторанот, додека четвртиот им подлегнал на повредите на пат за болница. Другите двајца мажи бил во критична но стабилна состојба, а лекарите сметаат дека сосема ќе се опорават.„Се’ уште не го знаеме мотивот за овој напад“, рекол за CNN, анонимен полициски службеник.„ Станува збор за многу сложена истрага“, изјавил за AP, заменик на шефот а полицијата во Лос Анџелес, Кирк Албанезе.Напаѓачот бил опишан како маж на околу 30 години кој со автомобил избега од местото на нападот. Нема ниту негов појасен опис, а не се знае дали тој и жртвите се познавале. Полицијата најверојатно е уште на мртва точка, коментираат американските медиуми, бидејќи полицијата во Северен Холивуд ги повикала граѓаните да дадат некаква информација која би можела да придонесе за истрагат.„Ова не е случаен насилен чин. Некој сакал да ги убие токму тие луѓе. Убеден сум дека ваа истрага ќе биде многу тешка и дека ќе бара максимален ангажман од детективите.“, изјавил Албанезе.Градскиот советник Пол Крекориан кој го претставува Валеј Вилиџ, населбата во која се случи масакрот, изјавил дека овој настан ја загрозува целата ерменска заедница која доминира во оваа населба, затоа што очигледно станува збор за планирана ликвидација. Претседателот на станарскиот совет во Валеј Вилиџ, Тон Брејсвил, пак, вели од полицијата добил информации дека инцидентот не е поврзан со нивната населба, туку дека е изолиран случај.Сите жртви се на возраст меѓу 20 и 25 години. Полицијата не верува дека станува збор за одмазда или за дело на споулавен напаѓач. Жители од соседството на медитеранскиот ресторан „Hot Spot Café“, велат дека тој им бил сомнителен уште од неговото отворање пред пет годни, и дека многу често бил празен. Наспроти тоа, извор на LA Times, тврди дека ресторанот бил преполн во времето на крвопролевањето. Мажот кој бил белец влегол и веднаш почнал да пука и се ’ било готова за неколку моменти. Весникот од анонимни полициски извори дознава дека полицијата се сомнева за вмешаност на ерменската мафија, но е нагласено дека засега нема никаква причина за да се верува дека жртвите биле поврзани со криминал. CBS се повикува на очевидци од соседството, кои рекле дека претходната вечер пред ресторанот виделе група ерменски момчиња, а и други сведоци наводно во напаѓачот препознале Ерменец. Локалните медиуми додаваат дека само неколку часа пред овој напад, на друг крај од градот биле убиен двајца мажи. И нивните убијци не се фатени, ниту има засега осомничени, но полицијата се’ уште не ги поврзува двата случаи. Медиумите дигнаа прашина бидејќи во Лос Анџелес за кусо време се случија крвопролевања, за што локалната полиција е жестоко критикувана бидејќи до неодамна стапката на убиства била ниска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина потврди напад врз најголемиот руски нафтен терминал на Балтикот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека специјалните единици на украинската служба за безбедност (СБУ) нанеле значителна штета на најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море во Приморск.
„Најефикасните санкции се пожарите во руските рафинерии и терминали. Го ограничивме рускиот нафтен сектор, а со тоа и нивната воена машина“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Зеленски се заблагодари на украинските специјални сили за „одлично завршената работа“ и најави натамошно јакнење на домашното производство на оружје.
Нападот, кој се случи на 12 септември, резултираше со пожар во нафтенoто пристаниште Приморск, а според медиумските извештаи, оштетени се и два руски танкери.
Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Свет
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво

Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа.
„Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој војна“, изјави катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на состанокот на високи дипломати од арапските и исламските земји во Доха.
Ал Тани предупреди дека нападот може да ги поткопа преговорите за примирје и ослободување на заложниците, кои со месеци се во ќор-сокак.
Во неделата во Доха се собраа министрите за надворешни работи на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) во пресрет на итниот самит што ќе се одржи во понеделник. Целта е усогласување заеднички став околу израелскиот напад врз Катар, кој предизвика глобална осуда и дури ретки критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овој самит ја отсликува пошироката арапска и исламска солидарност со Катар во соочувањето со израелската кукавичка агресија“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари.
Според катарските медиуми, лидерите на самитот ќе разгледуваат неколку можности – од недвосмислена осуда на нападот и координиран дипломатски притисок врз Израел на меѓународните форуми, па сè до економски мерки што би можеле да прераснат и во бојкот.
Израел, според официјалните извори, целел врз лидерите на Хамас во егзил. Меѓу жртвите е и синот на Халил ал-Хаја, една од највлијателните личности на Хамас во странство, како и неговиот началник на штаб.
Хамас соопшти дека врвното раководство го преживеало обидот за атентат, но нападот остави сериозни последици врз регионалните дипломатски иницијативи и дополнително ја заостри кризата околу војната во Газа.