Македонија
Фуере: Владата треба да работи повеќе и да покажува на дело
Сите напори и позитивни моменти кои беа направени изминатиот период во врска со решавањето на спорот со името со Грција е штета да се изгубат сега. Владата треба повеќе да работи и да покажува на дело.
Сите напори и позитивни моменти кои беа направени изминатиот период во врска со решавањето на спорот со името со Грција е штета да се изгубат сега. Владата треба повеќе да работи и да покажува на дело.
Ова денеска го истакна евроамбасадорот Ерван Фуере одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошoски кој деновиве изјави дека нема да биде изненадување доколу Македонија нема да добие датум за преговори за време на шпанското претседавање.
„Последните неколку дена шетав низ градовите на Македонија како дел од Европската недела. Јас можев да видам одлична позитивна енергија кај граѓаните кои имаат желба да влезат во Европската Унија што побрзо. Затоа Владата треба да направи се што е можно за да го рефлектира тој ентузијазам на граѓаните“ потенцираше Фуере.
Евроамбасадорот порача дека за решавање на спорот со името, ЕУ останува на препораките да се спроведуваат реформи и секој ден треба да се дава максимумот за да може да се најде заедничко решение и за Македонија и Грција./крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има на планинскиот премин Страцин, Битола, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Делчево, Струмица и Петровец.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода делови од скопски Центар
Поради уличен дефект од ф -200мм на ул. Питу Гули бр.5, прекинато водоснабдување од 09,00ч до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на ул. Питу Гули (градинка Кочо Рацин), ул. Ацо Караманов, Димитар Пандилов, Ганчо Хаџипанзов и дел од Караорман о. Центар.
Македонија
Без струја делови од Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 14,00ч корисниците од с. Кондово (горен дел од стара џамија), општина Сарај;
· Од 08,30ч до 15,00ч поголем дел од корисниците на ул. Стоби, ул.Пробиштипска, ул. Мице Козар и дел од ул. Социјалистичка зора, општина Ѓорче Петров и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од с. Пакошево, кон с. Ново Село, општина Зелениково