Спорт
НБА: Мемфис не ја искористи првата меч топка

Кошаркарите на Мајами и Оклахома изборија пласман во конференциските полуфиналиња, во плеј офот во НБА лигата, додека Сан Антонио го намали резултатот во серијата против Мемфис на 3:2
Сан Антонио, во петтиот натпревар од серијата со Мемфис, стигна до победа од 110:103 во дополнителните пет минути. Кошаркарите на Мемфис беа на пат да го елиминираат фаворитот, откако на две секунди до крајот имаа предност од 97:94, но Гери Нил постигна тројка со која Спарси натпреварот го однесе во продолжение. Ману Џинобили со 33 поени беше најефикасен во тимот од Тексас, кај Мемфис Зек Рендолф имаше учинок од 26 поени. Шестиот натпревар од серијата ќе се одигра во Мемфис, во ноќта меѓу петок и сабота. За разлика од Мемфис и Сан Антонио, во Западната конференција, Оклахома се пласира во полуфиналето, откако со 4:1 ја доби серијата против Денвер. Кевин Дурант со 41 поен беше предводник на тимот во победата од 100:97. Оклахома во последните четири минути имаше дефицит од девет поени но успеа да се врати во мечот и да забележи победа. Во конференциското полуфинале Оклахома го чека победникот од дуелот помеѓу Мемфис и Сан Антонио. На Истокот, Мајами се избори за полуфинална пресметка со Бостон, откако серијата со Филаделфија ја доби со вкупни 4:1. Мајами на домашен терен забележа победа од 97:91, иако на една минута до крајот, со серија од 10:0 Филаделфија стигна на само поен негатива. Крис Бош со 22 поени и 11 скокови беше најефикасен во победничкиот тим, но клучната улога во победата ја имаше Марио Чалмерс кој влегувајќи од клупата постигна 20 поени. Елтон Бренд и Андре Игудала со 22 поени беа најефикасни во редовите на Филаделфија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бруно промаши пенал, Јунајтед не успеа да победи кај Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.
Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.
Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.
Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.
Спорт
Го избркаа од Марсеј, тој потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.
Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.
И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.
Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Грилиш како во најдобрите денови, го водеше Евертон до победа над Брајтон

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.