Свет
Мемети обвинува за опструкции, а МВР него за политички атак

Народниот правобранител Иџет Мемети вчера поднесол кривични пријави против вработени во МВР со непознат идентитет поради злоупотреба на службената положба.
НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ КОНТРА ПОЛИЦИЈАТА
Народниот правобранител Иџет Мемети вчера поднесол кривични пријави против вработени во МВР со непознат идентитет поради злоупотреба на службената положба. Тој утврдил оти при вршењето на работата ги кршеле човековите права и слободи. МВР веднаш ги отфрли обвинувањата нарекувајќи ги атак врз работата на полицијата. Мемети ги повика премиерот и министерот за внатрешни работи да преземат мерки против ваквото однесување, но одби да каже за кои и колку случаи станува збор и каде и кога се случиле.
– По добиени претставки од граѓани и спроведени постапки констатиравме повреди со основано сомневање за флагрантно кршење на човековите слободи и права преку незаконско лишување од слобода, мачење и нечовечко однесување кон граѓани од припадници на МВР – рече Мемети. Тој тврди дека секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР не соработувал со институцијата Народен правобранител, па дури и дека вршел опструкции.
– Секторот на доставуваше само формални одговори, а некогаш воопшто не даваше информации. Принуден да покренам постапки против непознати сторители иако тие луѓе му се познати на секторот за внатрешна контрола во МВР – рече Мемети.
Тој вели дека има сознанија оти граѓаните не можат да докажат дека врз нив било извршено насилство,бидејќи лекарите одбивале да им издадат лекарски потврди.
– По секое барање на Народниот правобранител МВР врши истраги и писмено му одговара. Но тој се интересира само за селектирани случаи, а според тоа како се изнесени сметаме дека на обвинувањата им се дава политичка димензија. Народниот правобранител ја користи функцијата за да ја парализира работата на МВР. Нападите може да се оценат како смислен атак – реагираше вчера МВР преку Горан Павловски, шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи. (Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Подготвен сум за трилатерален состанок

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, сè уште одговараат на прашањата на новинарите во Белата куќа.
„Ќе имаме состанок. Ако сè оди добро денес, ќе имаме трилатерален состанок и мислам дека постои разумна шанса тогаш да ја завршиме војната.“, рече Трамп.
Претседателот на САД, исто така се осврна на можна трилатерална средба меѓу него, Зеленски и Владимир Путин.
Тој додаде дека никогаш не може однапред да каже дали таа средба ќе значи крај на војната.
Зеленски рече дека е подготвен за трилатерален состанок и додаде дека би било многу добро да се одржи.
Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.
Свет
(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон.
Тоа e нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.
Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.