Свет
Еден убиен при напад во корејски камп во Калифорнија

Еден човек е убиен, а тројца други се во критична состојба, по нападот со огнено оружје во корејско – христијански камп во Темекула, јужна Калифорнија, јавува СиБиЕс
Четворица се застрелани, а најмалку еден е хоспитализиран, вчера вечер, во корејско прифатилиште, во ридовите источно од Темекула, а полицијата го пребарува местото за можни жртви. Полицијата го опишува напаѓачот како маж од корејско потекло на околу 70 годишна возраст. Жртвите се на возраст од околу 40 години. Полицијата пристигнала во прифатилиштето откако било јавено дека маж си ја застрелал сопругата.Деталите за инцидентот се оскудни, но портпаролот на округот вели дека можно е напаѓачот да е меѓу повредените. Првичните извештаи сведочат за неколку жртви , двајца се пренесени во болница со рани од огнено оружје. Во истрагата, уште две жртви се пронајдени во критична состојба. Се продолжува со испрашување на сведоците. “Поради јазичната бариера, се уште не знаеме кој е напаѓачот. Но веруваме дека нема никој надвор од заедницата што е вооружен“, вели портпаролот на шерифот, Денис Гутиерез. Кампот во кој се случило пукањето е корејско христијанска социјална организација основана во Кореа, која нуди помош на сирчиња и на бездомници, а во околината на Лос Анџелес почна со работа во деведесттите години на минатиот век. Има кампови во Линвуд, Темекула, Атланта и во Њу Џерси. Нивната мисија е да обезбеди дом за бездомниците и напуштените, нудејќи им љубов и надеж, со што кај нив ќе ја развие љубовта кон бога и ќе најдат мир како божји деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.