Свет
Украина се откажа од влез во НАТО
Украинскиот парламент во четврток го изгласа по првото читање законот кој на поранешната советска република и го дава ткн. нездружувачки статус, со што се запира планот за пристап кон алијансата
Текстот на овој закон беше изготвен по иницијатива на украинскиот претседател Виктор Јанукович и беше поррдржан во Врховната Рада (парламентот) со 253 гласа од вкупно 450 мандати, од парламентарната коалиција која го поддржува претседателот.Јанукович уште во претседателската кампања во февруари навести дека ќе води политика на доближување со Москва која се спротиставуваше нејзиниот сосед и проанешна советска република да влезе во составот на Северноатлантската воена алијанса. Тој навести дека нема да го поддржи влезот во НАТО како што тоа го правеше неговиот претседател Виктор Јушченко. Но по порашањето на интеграцијата на Украина во Европската Унија, Јанукович изјавува дек аќе ја продолжи заложбата на енговиот претходник.„Претседателот предлага укинување на прашањето за пристапк кон НАТО кое го подели уркаинското општество, како главно неодбрувачки во смисла на евоатлантската интергација“, изјавил пред пратениците премиерто Микола Азаров. Овој закон ги отврдува основите на уркаинската државна политика, меѓу кои е и задржување на политиката на ненездружување, односно не учествувањето на Украина во воено-политички сојузи. Во текстот според информациите н аукраинските медиуми се споменува продолжување на „коструктивна соработка со НАТО“, но како што се збаележува не се назначува пристапувањето.Ветувајќи дека ќе најде рамнотежа меѓу Истокот и Западот, Јанукович го отфрли предлокот на Кремљ, Украина да с епридружи на Царинската унија која ја прават Русија, Белорусија и Казахстан. Исто така, тој не одговори позитино ниту на понудата од рускиот претседател Дмитриј Медеведев Киев да се придружи на военито сојуз на Москва со другите советски републики
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мало дете за дел од секунда ќе паднело во вулкан на Хаваите, мајката го зграбила во последен миг
Национален парк на Хаваите издаде ново предупредување до туристите откако мало дете за малку ќе паднало во вулкан. Момчето залутало подалеку од своето семејство и во дел од секундата стигнало до работ на карпа висока 120 метри, се вели во соопштението на националниот парк.
„Неговата мајка, врескајќи, успеала да го зграби кога малото момче било на само триесетина сантиметри од работ“, се додава во соопштението.
Чуварот на паркот Џесика Феракан изјави за Би-Би-Си дека се надева оти споделувањето детали за инцидентот ќе помогне да се спречат идни трагедии.
Килауеа, на Големиот остров на Хаваи, е еден од најактивните вулкани во светот. Редовно еруптира, а последната ерупција започна на 23 декември. Паркот соопшти дека инцидентот се случил на Божиќ во затворен простор каде што семејствата се собрале да ја гледаат лавата.
„Беше во област со поглед на големиот кратер на вулканот. Момчето немаше да го преживее падот“, истакна Феракане. Чуварите на парковите велат дека сакаат да ги потсетат посетителите да останат на патеката и да ги држат своите деца блиску.
„Оние кои ги игнорираат предупредувањата, поминуваат покрај знаците за забрана и влегуваат во затворени области, тоа го прават со голем ризик“, нагласија тие.
Свет
Ајкула уби турист во Египет
Турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во египетското одморалиште Марса Алам, се вели во соопштението на Министерството за животна средина, без да се прецизира националноста на туристите.
Во Црвеното Море има ајкули, но средбите со нив се релативно ретки. Марса Алам е египетски крајбрежен град познат по своите корални гребени и плажи, кој се наоѓа на околу 500 километри јужно од Еилат.
Министерството соопшти дека нападот се случил во длабоко море надвор од областа за капење, додавајќи дека пливањето надвор од областа е забрането.
Свет
Најмалку 15 повредени во Флорида при судир на воз со противпожарно возило
Тројца пожарникари и десетина патници беа повредени во саботата на Флорида кога противпожарно возило со ротациони светла се движело преку шините на патеката на брз патнички воз откако почека да помине друг воз, покажуваат видео снимки од инцидентот.
Од сударот предниот дел на возот беше уништен, и дел од патниците во предниот дел се повредени. Властите соопштија дека тројцата повредени пожарникари се хоспитализирани и во стабилна состојба. Останатите 12 повредени патници од возот се пренесени во болница со полесни повреди.
„Предниот дел на тој воз беше целосно искршен, а имаше дури и некои делови од противпожарното возило заглавени во предниот дел на возот, но тоа го подели автомобилот точно на половина. Го подели противпожарното возило точно на половина, а остатоците беа насекаде“, изјави Емануел Амарал, очевидец на несреќата, пренесе „РСЕ“.
Федералната управа за железници најави дека ќе спроведе истрага. Портпаролот на Националниот одбор за безбедност на транспортот попладнето изјави дека сè уште собира информации за несреќата и дека сè уште не одлучиле дали да истражуваат.