Македонија
Владата издвои 3 мил.денари за санација на штетите од природни непогоди
Општините Валандово, Пехчево, Крушево, Могила и Велес ќе добијат 3 милиони денари од буџетот на Р.М. за санација на штетите што ги предизвикаа природните непогоди во текот на 2009 година.
Општините Валандово, Пехчево, Крушево, Могила и Велес ќе добијат 3 милиони денари од буџетот на Р.М. за санација на штетите што ги предизвикаа природните непогоди во текот на 2009 година.
Ова е одлуката што на последната седница ја усвои Владата по поднесените елаборати од страна на општините за висината на паричната помош која им е потреба за санација на штетите.
Според портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски овие средства чинат 15 отсто од направената штета но се разгледува можноста да им се доделат и дополнителни 15 отсто доколку такво нешто биде побарано.
Дел од средствата ќе бидат наменети за штетите што ги предизвика земјотресот во Валандово кој оштети околу 232 домаќинства на жителите.
“Со средства од буџетот ќе бидат санирани и дел штетите од силното невреме во Пехчево, Крушево, Могила и Велес“, рече Мартиновски. Владата ја разгледа и усвои информацијата за помош на општините и го задолжи министерството за финансии да им одвои средства од буџетот на овие општини.
“Истовремено Владата испрати укажување на општините во рок од 30 дена да испратат извештај за распределбата на помошта на засегнатите домаќинства и потоа повратно да достават информација за направената распределба “, заврши Мартиновски./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

