Економија
Македонските економски капацитети претставени во Милано

Владиниот економски тим што го предводи премиерот Никола Груевски по Торино, во средата попладне во италијанската метропола Милано ги претстави економските и инвестициските потенцијали пред осумдесет претставници на италијански компании на бизнис форум во оваа италијанската метропола.
Бизнис форумот беше организиран во соработка со Стопанската комора на Милано, а на почетокот во име на комората се обрати Адриана Силвиа Сартор меѓу другото истакнувајќи дека на форумот претставува „отворање нови деловни можности за компаниите од Милано и дека тоа ќе резултира со зајакнување на економските релации меѓу Италија и Македонија“.
Македонскиот премиер Никола Груевски во своето обраќање пред италијанските бизнисмени, откако се заблагодари за можноста за продлабочување на соработката со претставниците на италијанската индустрија и трговија во Милано, кој еден од главните бизнис и финансиски центри на Европската унија, градот кој ги исцртува модните трендови во светот, градот со богата историја и култура, и со неверојатно гостопримливи и пријатни луѓе, истакна дека Република Италија е еден од најзначајните трговски партнери за Република Македонија и трет најважен партнер од Европската унија.
„Од осамостојувањето на Република Македонија до крајот на март 2012 година, нашата билатерална трговија достигна речиси 7 милијарди американски долари, што е навистина импресивен податок за македонската економија, која создава годишен бруто домашен производ од близу 9 милијарди долари“, посочи Груевски.
Подвлече дека во последната деценија трговската размена меѓу Македонија и Италија е зголемена за три ипол пати, а само во последните пет години, дури и во периодот на големата светска економска криза, таа забележала исклучително висок кумулативен пораст од 52 отсто.
„Република Македонија го привлече вниманието на светските инвеститори со нејзиниот брз и сигурен поход кон првите три позиции на најреформски ориентирани земји, според угледниот „Doing Business“ извештај на Светската банка за 2012 година“, потенцираше премиерот Груевски.
„Македонија сега се наоѓа на 22-та позиција во светски рамки, меѓу 183 земји, и е највисоко рангирана во однос на која и да е транзициска економија од Југоисточна Европа, а исто така нашата земја беше прогласена од Форбс и Прајсвотерхаус Куперс за петта најпријателски настроена земја во светот во однос на даночниот товар и третман на бизнисите“, нагласи Груевски.
Потсети дека со потпишување договори за слободна трговија со Европската унија, земјите-членки на ЕФТА, ЦЕФТА, билатерални договори со Турција и Украина, Македонија успеа да го надмине проблемот на мал пазар и сега оние кои инвестираат во Република Македонија практично имаат пристап до пазар со над 660 милиони потрошувачи.
„Во контекст на институционалната поддршка за бизнисот, би сакал да нагласам и дека уште во 1999 година стапи на сила Договорот за поттикнување и заемна заштита на инвестициите со Република Италија, а од 2001 година се применува и Договорот за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал и заштита од фискалната евазија“, рече Груевски.
Посочи и дека Владата ги препознава главните бариери за водење бизнис и пристапи кон намалување на даночното оптоварување и темелни административни и регулаторни реформи, со воведување низок и рамен данок од 10 отсто, ослободување од оданочување на задржаната добивка и етапно намалување на социјалните придонеси за една третина.
Премиерот Груевски се задржа и на ефектите од подобрената бизнис клима и активностите за промоција на Република Македонија како бизнис дестинација, кои се гледаат во привлекувањето на познати странски компании во технолошко-индустриската развојна зона во Скопје и за таа цел се отвораат уште три технолошко-индустриски развојни зони, од кои едната во Штип, Тетово и уште една во Скопје.
Груевски завршувајќи го своето обраќање до влијателната бизнис заедница во Милано , упати покана до италијанските компании да ја посетат Република Македонија и да ги искористат нејзините потенцијали.
„Ние сме подготвени да Ви обезбедиме максимална поддршка и да ја олесниме Вашата соработка со македонските компании“ порача македонскиот премиер.
Свои презентации на форумот имаа и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот Веле Самак и директорот на агенцијата Инвест Македонија Висар Фида.
Владиниот економски тим кој го предводи премиерот Никола Груевски во кој се уште заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, во средата навечер во Милано ќе присуствува и на работната вечера со претставници на повеќе италијански компании, што е во организација на Американската комора во Италија./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Ново од Минт кредит – поддршка за стартапите

Да започнете сопствен стартап е возбудлива авантура – идејата е свежа, енергијата е огромна, а визијата јасна. Но, секој претприемач знае дека патот од идеја до реализација на успешен бизнис бара финансиска стабилност. Токму тука ние, Минт Кредит, стануваме вашиот партнер за стартап кредит.
Во Минт Кредит веруваме дека стартапите се моторот на новата економија, и затоа нашиот бизнис кредит е создаден токму за луѓето кои не се плашат да ризикуваат и да создадат нешто свое.
Нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица кои сакаат да го претворат својот потенцијал во успешна приказна.
Бизнис кредит – Брз стартап кредит без чекање
Во светот на стартапите, времето е сè. Можностите се менуваат од ден во ден, а да се биде чекор пред конкуренцијата значи многу. Затоа, бизнис кредитот од Минт Кредит е создаден да биде брз, едноставен и флексибилен.
Нашиот тим знае колку е важно стартапот да добие поддршка веднаш, кога му е најпотребна. Заборавете на долгите процедури и бескрајни состаноци, кај нас процесот е транспарентен, лесен и целосно дигитален.
За да аплицирате треба да сте правно лице со јасна визија и амбиција, без разлика дали сте стартап кој штотуку започнува или веќе стабилна компанија што сака да се прошири.
Што добивате со бизнис кредитот од Минт Кредит?
Нашиот бизнис кредит за стартапи е создаден со разбирање на реалноста. Не бараме сложени формалности, туку ја гледаме суштината – вашиот потенцијал, вашата визија и вашата посветеност.
Со нашиот бизнис кредит за стартапи добивате финансиска поддршка до 1.000.000 МКД, со рок на отплата до 60 месеци и можност за грејс период до 24 месеци. Тоа значи дека можете да започнете со реализација на идејата веднаш после одобрување. Без нејасни услови – само понуда создадена да им даде поддршка на младите претприемачи.
Стартап кредит што работи во корист на претприемачите
Кога велиме дека нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица, тоа навистина го мислиме.
Знаеме дека на почетокот секој ден и секоја финансиска одлуика се важни. Затоа, нашиот бизнис кредит за стартап е дизајниран да им овозможи на новите компании да се развиваат без дополнителни притисоци.
Со Минт Кредит можете да искористите стартап кредит за да:
- Инвестирате во нова опрема или технологија,
- Отворите канцеларија или продавница,
- Вложите во маркетинг за да го лансирате вашиот бренд,
- Ангажирате нови членови во тимот,
- Го финансирате секој чекор од вашиот бизнис раст.
Секој проект е различен, но сите имаат заедничко нешто: финансиската поддршка од Минт Кредит што ги движи напред. Нашиот бизнис кредит за стартапи не е само бројка, тој е поддршка за вашата визија и труд.
Како до бизнис кредит за стартап?
Едноставно. Брзо. Без компликации.
- Аплицирајте онлајн на Минт Кредит, во една од нашите филијали, или јавете се на 15 107.
- Доставете ги основните документи за вашиот бизнис.
- Добијте одговор за кратко време затоа што знаеме дека стартапите немаат време за чекање.
Нашата цел е да бидеме ваш вистински партнер, не бирократска пречка.
Зошто Минт Кредит е вистинскиот избор за стартап кредит?
- Брзина и ефикасност – од апликација до одобрување за кратко време.
- Разбирање за стартапи – ние знаеме како размислуваат младите претприемачи.
- Флексибилни услови – прилагоден рок и грејс период за безгрижен почеток.
- Поддршка и совети – нашиот тим е тука за да ви помогне со насоки и препораки.
- Транспарентност – кај нас секој услов е јасен, без скриени трошоци.
Кога стартапите размислуваат за финансирање, често мислат дека тоа е долг и сложен процес. Ние го менуваме тоа. Со Минт Кредит, добивате брз бизнис кредит кој ја поддржува вашата визија.
Зошто стартап бизнисите најчесто “заглавуваат”?
Секој стартап започнува со идеја, но патот до стабилен бизнис ретко е едноставен. Најчестите проблеми што ги гледаме кај младите компании се:
- Недостиг на почетен капитал – без доволно средства, дури и најдобрите идеи остануваат само тоа, идеи.
- Проблеми со редовен приход – првите месеци често се непредвидливи за стартапите, посебно додека сеуште немаат стабилни и предвидливи приходи.
- Ограничен пристап до финансирање – традиционалните банки често бараат долга историја и големи гаранции шти ги прави недостапни за стартапите.
- Недостиг на простор за раст – без потребната финансиска поддршка, тешко е за стартапите да инвестираат во нова технологија, маркетинг, или проширување на нивниот тим.
Минт Кредит – партнер на новата генерација претприемачи
Во Минт Кредит веруваме во иновативноста, храброста и визијата на македонските стартапи. Знаеме дека секоја голема приказна почнува со мала идеја и со вистинска поддршка.
Нашиот бизнис кредит е повеќе од финансиски производ. Тој е партнерство за секој што има амбиција да создаде нешто свое, уникатно и успешно. Со Минт Кредит, стартапите не мора да чекаат совршен момент, можат да го создадат.
Аплицирајте денес за стартап кредит од Минт Кредит и развијте го вашиот бизнис со сигурност, поддршка и брзина.
(ПР)
Економија
„Булмак 2016“ уплати 58,2 милиони денари на државата и на општините Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица за концесија

Компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, „Булмак 2016“ извести дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096денари концесиски надоместоци. Од нив 22% одат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари, а останатите 78% или 45.420.255 денари одат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица.
„Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 година пресметавме 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, од кои значаен дел се слеваат во четири локални буџети. Тоа се средства за улици, училишта, спорт и услуги што граѓаните ги користат секој ден. Ќе продолжиме со транспарентна комуникација, инвестиции во безбедност и модернизација на нашите рудници и со цврсто партнерство со заедниците во кои работиме,“ вели Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“.
Општина Пробиштип добива 21.694.615 денари, Крива Паланка – 21.817.460 денари, Кратово – 1.384.763 денари и Македонска Каменица – 523.417 денари.
Од „Булмак 2016“ велат дека остануваат посветени на навремено исполнување на сите законски обврски и на отворена комуникација со јавноста.
Економија
„Нестле“ ќе отпушти 16.000 работници

Прехранбениот гигант „Нестле“ денес објави дека ќе отпушти речиси 16.000 работници во следните две години за да ги намали трошоците.
Компанијата ќе отпушти приближно 12.000 административни работни места во сите оддели и региони во кои работи и уште четири илјади по спроведувањето мерки за подобрување на продуктивноста во производството и синџирите на снабдување.
„’Нестле’ мора да се промени побргу за да се приспособи на променливите глобални услови“, рече извршниот директор Филип Навратил додавајќи дека отпуштањето работници е тешка, но неопходна одлука.
Како дел од новиот план, менаџментот на „Нестле“ има намера да ги намали трошоците за три милијарди швајцарски франци (3,23 милијарди евра) до 2027 година. Досега тие планираа да ги намалат трошоците за 2,5 милијарди франци. Најголемата светска компанија за храна објави намалување на работните места во својот прелиминарен деловен извештај за првите девет месеци од оваа година.
Во периодот од јануари до септември приходите на „Нестле“ изнесуваа 65,9 милијарди франци (70,8 милијарди евра), што е намалување од 1,9 процент во однос на истиот период минатата година. Кога се исклучуваат флуктуациите на валутите и еднократните ставки, приходите се зголемија за 3,3 проценти.
За цела 2025 година, менаџментот на „Нестле“ очекува малку посилен органски раст од минатата година, без да прецизира бројки. Резултатите од минатата година покажаа стапка на раст од 2,2 процента, најниска за најмалку 25 години.