Свет
Судските реформи закочени во Собранието
Судските реформи се закочени поради тоа што се уште не е комплетиран судскиот совет, реагираше вчера Министерството за правда.
БАДЕНТЕРОВО МНОЗИНСТВО
Судските реформи се закочени поради тоа што се уште не е комплетиран судскиот совет, реагираше вчера Министерството за правда. Собранието се уште не ги избрало петте члена што ги предложија комисијата за избори и именувања и претседателот на државата, затоа што не може да обезбеди Бадентерово мнозинство.
Додека не се изберат овие пет члена, не може да се избере ниту претседател на судскиот совет, ниту да се формира новиот Апелациски суд во Гостивар, ниту пак Основниот суд Скопје 1 да се трансформира во кривичен, а „двојката“ во граѓански суд.
– Судските реформи не смеат да се кочат од некои помали политички партии. Тој пропуст мора да се надмине, а Министерството за правда со загриженост гледа на овие состојби – вели Михајло Маневски, министер за правда.
Тој се надева дека на собраниската седница што ќе се одржи во вторник, конечно ќе се изберат петте членови што ги предложија собраниската комисија и претседателот Бранко Црвенковски.
Станува збор за Абдулселам Канзовски, Ментор Ќоку (на предлог на Црвенковски) и Лина
Петровска, Бедредин Ибраими и Ѕвонко Богдан (по предлог на собраниската комисија). Судскиот совет треба да има 15 члена, а засега има само 10, со што е обезбедено мнозинство.
Според судските реформи што беа најавувани за годинава, до 1 јуни треба да се формира нов управен суд. Тој ќе биде надлежен да решава за законитоста на актите за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции. Управниот суд ќе решава и за споровите што ќе произлезат од договорите за јавни набавки и за судирот на надлежности меѓу општините и градот Скопје. Од Министерството за правда велат дека треба да се најде соодветен простор каде што ќе биде сместен новиот управен суд. Истото се однесува и за новиот Апелациски суд во Гостивар, кој најверојатно ќе биде лоциран во просториите на Основниот суд.
Од почетокот на годинава, со судските реформи, почнаа да функционираат судови со проширена и со основна надлежност. Судовите со проширена надлежност меѓу другото ќе одлучуваат за кривични дела за кои е предвидена казна затвор над 5 години и за имотно-правни спорови чија вредност е над 15.000 евра. Во основните судови во Битола, Тетово, Скопје 1, Струмица и Штип се формираат специјализирани одделенија надлежни за судење на дела од областа на организираниот криминал.
М.Ј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

