Спорт
Ќе се поништи ли финалето од Лигата на шампионите од 1973?
Според англиските медиуми постои можност да се поништи резултатот од финалето од 1973 г. меѓу Милан и Лидс од тогашното натпреварување Купот на Европските Шампиони. Британски евроапратеник го бара тоа затоа што грчкиот судија бил под истрага
Британски европратеник собра 15 илјади потписи со кои ќе бара од УЕФА ревидирање на победата на Милан над Лидс (1-0) во финалето на Купот на европските шампиони (КЕШ) од 1973 година. Петицијата со која се бара промена на резултатот ако бидат најдени докази дека финалето било наместено, британскиот европратеник Ричард Корбет ќе го достави до УЕФА на 16 мај. На тој ден се навршуваат 36 години од финалето во кое италијански Милан го победи англиски Лидс, со спорен гол на Лучано Кирауги, уште во 4 минута.Финалето се одиграло во Солун, а таму грчкиот судија Христос Михас бил под истрага од националната федерација, поради сомневање дека истиот бил подмитен од страна на челниците на калчо лигашот Милан.Британскиот европратеник изјави за агенцијата Ројтерс дека бара европската фудбалска федерација (УЕФА) да спроведе истрага за финалето и ако бидат најдени докази, трофејот да му биде даден на Лидс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Украина обезбеди бараж, Франција и Англија ја потврдија доминацијата, победи и Србија
Во решавачкиот натпревар од 6-то коло од групата Д од квалификациите за Светското првенство, Украина го победи Исланд со 2:0 (0:0) и се избори за место во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Украина, во клучниот натпревар во борбата за второто место го победи Исланд со голови во последните 10 минути од натпреварот.
Стрелци на головите на натпреварот одигран во Варшава беа Зубков во 82-та минута и Гуцуљак во 93-та минута/
Во истата група, како гостин, Франција го победи Азербејџан со 3:1 и го потврди првото место.
Во К групата, во пресрет на последната рунда беа решени сите дилеми. Англија избори пласман на СП, а Албанија ќе игра во баражот.
Во Тирана, Англија со головите на Хари Кејн ја победи Албанија со 2:0. Англичаните со максимални осум победи и гол разлика 22:0 го завршија овој квалификациски циклус.
Досега, само четири репрезентации ги завршија квалификациите за Светското првенство со 100% учинок и без примен гол: Германија (2018), Шпанија и Холандија (2010) и Западна Германија (1982).
Србија по пресврт во втриот дел успеа да слави над Летонија со 2:1. Летонвите водеа по првиот дел со голот на Гутковскис. Во второто полувреме, играчите кои влегоа од клупата го режираа пресвртот, ветеранот Катаи и синот на легендарниот српски ас Дејан Станковиќ, Александар.
Спорт
Синер ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс
Јаник Синер го освои Завршниот Мастерс во Торино со победа од 2-0 во сетови над Карлос Алкараз.
Синер го победи Алкараз со 7:6, 7:5 по два часа и 15 минути борба.
Со ова, Италијанецот ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс, без загубен сет, а неговиот настап на бетон во затворен простор се зголеми на 31 победа по ред, во последните 40+ натпревари, само Новак Ѓоковиќ го победи, и тоа во финалето на Торино 2023 година.
Алкараз и покрај поразот ја заврши годината на првото место, но Синер со овој триумф ја намали неговата предност на 550 поени.
За дваесет и четиригодишниот Синер, ова е шеста титула во сезоната, а 24-та вкупно во неговата кариера.
Бидејќи го освои Завршниот Мастерс без пораз, Синер освои 5 милиони долари. Со одбраната на титулата влезе во друштвото на Ѓоковиќ, Федерер, Хјуит, Сампрас, Мекенро, Лендл, Борг и Настасе.
Спорт
Манчестер Јунајтед во НБА Европа
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа.
Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер.
Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување.
„Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, бил првиот што се согласил на овој проект, мора да има причина за тоа, нели? Ова е нова лига што ќе има добар систем, одлични ресурси и ќе обезбеди одлична забава за гледачите. Договорот е дека членовите мора да играат во домашни лиги“, потврди Петручи.
НБА Европа има план да регрутира повеќе тимови од големите европски градови…
„Тим од Рим? Да, ќе има и тим од Рим. Постои можност да биде поврзан со многу богат претприемач“, потврди тој.
Значи, Манчестер Јунајтед е првиот, а се чини дека тимот од Рим ќе биде вториот новоформиран кошаркарски тим што ќе се приклучи на НБА Европа, која ќе започне во сезоната 2027/28.

