Свет
Борбите во Дамаск од јужните се преместија во источните делови
Сириската армија го исчисти од борците на опозициската Слободна сириска армија јужното предградие на главниот град Дамаск, Дараја, пренесе во понеделникот државната агенција SANA, додека бутновниците јавија дека собориле хеликоптер над сириската престолнина.
Очевидци изјавиле дека сириските бунтовници во понеделникот урнале хеликоптер на сириската армија додека го ракетирал квартот Џобар во престолнината Дамаск, а потоа дека избувнале жестоки судири меѓу бунтовниците и војската во таа област.
Сириската државна телевизија јави дека се урнал хеликоптер во Дамаск, но не изнесе детали. Очевидци изјавија дека хеликоптерот го зафатил пламен откако бил погоден со проектил и дека се урнал во квартот Кабун.
„Леташе над источните делови од градот и стрелаше целото утро. Борците се обидуваа да го погодат околу цел час и на крајот успеаја“, изјави за Reuters бунтовнички активист именуван како Абу Бакр.
Операцијата на сириската армија за протерување на бунтовниците се спроведуваше последните две седмици во јужните предградија на Дамаск, Дараја, Кафр, Замалка, Арбин, Кафр Ватна, Сакба и др.
„Во сите северо-источни предградија на Дамаск, вклучувајќи ги Кабун и Источна Гута, се одвиваат вооружени судири меѓу владините сили и вооружена опозиција, придружувани од артилериски оган“, јави либанската телевизија Аl-Mayadin, повикувајќи се на својот дописник од главниот град на Сирија.
„Звуците од истрели и експлозии на гранати не престеануваат од минатата ноќ. Утрово недалеку од мојот дом, во близина на џамијата Ал-Гуфан падна хеликоптер на сириската армија. Сето тоа се одвиваше пред нас, се запали и се урна. Се зборува дека го урнале бунтовниците на Слободната армија. Не знам, ние не излегуваме од дома“, изјави во телефонски разговор за руската агенција РИА Новости неименуван жител на населбата Кабун.
Вели дека и тој и неговите соседи не се осмелуваат да ги напуштат домовите и да се сместат во побезбедните населби, бидејќи стравуваат дека нивните куќи ќе бидат ограбени. Со растот на насилствата во Сирија, пљачкосувањата на домовите станаа вообичаена појава во земјата.
„Сепак може да се живее. Електрична енергија и вода има. Со продуктите, пак, е многу полошо. Поголемиот дел од продавниците се затворени. Во нашата населба работат само две продавници, за зеленчук и за намирници, каде што може да се набават млечни производи и конзервирана храна. Месо нема. Леб може да се купи многу тешко“, вели соговорникот на агенцијата.
Според телевизијата Аl-Mayadin, делoви од бунтовничките единици притиснати во понеделникот почнале да се пробиваат во источните предградија на Дамаск. Џобар и Забалатани кои се наоѓаат во центарот на христијанската четврт Баб Тума и се приближиле кон неа од соседната населба на југ Џарамана. Покрај тоа, локалните жители изјавиле дека квартот Баб Тума е гаѓан со минофрлачки гранати истрелани од позициите што ги држат борците на Слободната сириска армија. Во областа дополнително се испратени зајакнати безбедносни сили.
Во понеделникот уште три гранати истрелани од бунтовниците паднале во западните делови на Дамаск, на стратешкиот автопат што ги поврзува главниот град со либанско-сириската граница.
Жестоки судири меѓу владините сили и вооружените опозициски групи се одвиваат и во вториот по големина град Алепо. Таму единици на сириската армија влегле во населбата Баб ел-Хадид во центарот на градот. Во друга населба, Сејиф ал-Даулија, сириската армија ги бомбардира „последните преостанати бунтовнички позиции“, се наведува во извештајот на либанската телевизија.
За периодични борби меѓу владините и опозициските сили, исто така, се известува и во областите Фардус, Калјаса и Масакин Ханан.
Жестоките борби продолжуваат и во центарот на третиот по големина сириски град Хомс, во регионите Карабис и Кусур. Снимките прикажани на телевизијата Al-Mayadin покажуваaт огромни уништувања во овие области направени за време на бомбардирањето. Неколку станбени блокови се само куп урнатини, а повеќето домови поради големината на оштетувањата не се погодни за живеење./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Не треба повеќе да имаме избори; Белата куќа: Се шегува
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил сериозен кога пред неколку дена изјавил дека можеби воопшто не треба да има избори за Конгресот. Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, изјави дека претседателот всушност сакал да биде хумористичен со изјавата, а не да го доведе во прашање одржувањето на изборите.
„Претседателот се шегуваше“, рече Ливит, одговарајќи на прашања од новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал во контекст на пофалба на работата на неговата администрација, сугерирајќи дека тие „работат толку добра работа“ што, во таа смисла, треба само да продолжат.
Изјавата на Трамп доаѓа од получасовно интервју што го даде за „Ројтерс“ во Овалната соба на Белата куќа завчера. Зборувајќи за среднорочните избори, Трамп изрази фрустрација од историскиот модел во кој партијата на власт често губи места во Конгресот.
„Кога ќе победите на претседателските избори, не ги добивате среднорочните избори“, рече Трамп, а потоа додаде дека неговата администрација направила толку многу што, рече тој, „кога ќе размислите за тоа, воопшто не треба да имаме избори“.
Изјавата предизвика загриженост и критики бидејќи уставот на САД предвидува одржување избори за Конгресот на секои две години, без можност за претседателска одлука за нивно откажување.
фото/Depositphotos
Свет
Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“
Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја исмеа иницијативата, додека тензиите меѓу Европа и САД растат поради намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да го окупира арктичкиот остров.
„Гренланд. Се прашувам зошто. Патување?“, рече тој денес во Рим. „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“, рече Кросето за европската мисија.
Оваа недела, некои европски земји испратија мал број воени лица во Гренланд, покажувајќи солидарност со Данска, што италијанскиот министер за одбрана рече дека не го разбира.
Трамп сака да го преземе Гренланд затоа што вели дека го смета за клучен за безбедноста на САД поради неговата стратешка локација и големите минерални резерви.
Тој не ја исклучи ниту употребата на сила за негово заземање.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.
„Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје.
Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која формално ѝ припаѓа островот.
Неговата изјава доаѓа по состанокот во Белата куќа во средата, на кој присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.
Истиот ден, Врховниот суд на САД објави дека очекува во вторник да донесе долгоочекувана одлука за легалноста на царините на Трамп. Прашањето е дали претседателот може сам да воведе царини или за тоа е потребно одобрение од Конгресот.
Трамп зборуваше на состанок кој формално беше посветен на инвестиции во руралните средини, но за време на говорот, како што е неговиот обичај, тој се осврна и на други политички теми.
фото/Depositphotos

