Македонија
САД – ЕУ и НАТО се најдобрата иднина за Македонија
Лидерите во Македонија треба да преземат одговорност да се тргне пречката од патот кон членство во ЕУ и НАТО, кое го поддржува голем процент
Лидерите во Македонија треба да преземат одговорност да се тргне пречката од патот кон членство во ЕУ и НАТО, кое го поддржува голем процент од граѓаните.
Ова синоќа во Вашингтон го посочи американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, коментирајќи ја идејата за референдумско изјаснување за име на државата, кое би произлегло од разговорите со Грција
Според него, за референдумот по природа на нештата одлучуваат македонските власти и граѓани, но, истовремено укажа и на големиот процент на одобрување на членството во НАТО и ЕУ во испитувањата на јавното мислење во Македонија.
„Мислам дека тоа се едни од највисоките позитивни рејтинзи за обете институции меѓу земјите-кандидати и оние што веќе се членки. Значи, лидерството има одговорност да ја земе таа иницијатива, да ги земе желбите на луѓето и да работи напорно за да ги трансформира во нова реалност. Сметаме дека тоа би била најдобрата иднина за Македонија”, изјави амбасадорот Рикер во интервју за радиото Глас на Америка, програма на македонски јазик.
Во врска со реакциите кои во Македонија ги предизвика изјавата на потпретседателот на Европската комисија Жак Баро, кој земјата ја нарече – Северна Македонија, Рикер препорача да се смират емоциите.
„Мислам дека е најдобро да се остави процесот да продолжи напред, да се има предвид најдобриот интерес на земјата, на регионот.Тоа секако е она што го правиме тука, во САД”, изјави Рикер.
Тој го повтори ставот на американскиот претседател Барак Обама, искажан на самитот на НАТО во Стразбур, дека САД со нетрпение очекуваат Македонија да стане полноправна членка на НАТО.
Рикер, кој беше меѓу гостите на Првата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон, нагласи дека од осамостојувањето досега, американската помош за Македонија да се подготви за европската интеграција изнесува речиси една милијарда долари./крај/воа/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

