Македонија
Економист: Колку градежни бумови може еден град да поднесе?
Проектот „Скопје 2014“, како и моменталните случувања во Македонија и нивното влијание врз меѓуетничките и меѓуверските односи, се во фокусот на анализата на британецот Тим Џуда, објавена во лондонски „Економист“ (The Economist).
Проектот „Скопје 2014“, како и моменталните случувања во Македонија и нивното влијание врз меѓуетничките и меѓуверските односи, се во фокусот на анализата на британецот Тим Џуда, објавена во лондонски „Економист“ (The Economist).
Според Џуда, градбите од проектот, потсетуваат на епизода од цртаната серија „Астерикс – Галските авантури“.Структурата на градби во и околу градот потсетува на епизодата “Храмот на боговите”, пишува Џуда во почетокот на својата анализа. „На Скопје одамна му е потребно уредување. Но, противниците на Никола Груевски, кои долго го обвинуваат премиерот за национал-популизам, не ги воодушевува природата на градежниот бум (кој владата го именуваше Скопје 2014). На изборите кои наближуваат господинот Груевски несомнено ќе си препише поени за градбите кои никнуваат низ центарот на градот.“, пишува Економист.„На централниот плоштад во Скопје се гради голема фонтана. Наскоро ќе биде крунисана со огромна статуа на Александар Велики. На многу Македонци Александар не им значи ништо. Но ќе бидат пресреќни да ги видат Грците, кои го блокираат членството на Македонија во ЕУ и НАТО поради спорот со името на земјата, како збеснуваат од гнев кога споменикот ќе биде откриен. Грците ги обвинуваат Македонците за присвојување на Александар и присвојување на хеленистичката култура“, анализира Џуда.Џуда во анализата се фокусира и на меѓуетничките односи во земјата и несогласувањата предизвикани од изградбата на црквата-музеј на скопското Кале. За Џуда, тоа е најеклатантниот пример што довел до тепачка меѓу две групи Македонци и Албанци. “Скопје 2014, за кое првпат пишувавме минатата година, создаде горчливи несогласувања помеѓу мнозинството православни Македонци и Албанците муслимани кои сочинуваат четвртина од вкупната популација. Кога и некој да предложи изградба или реизградба на црква во Скопје, Албанците бараат џамија. Тензиите постојано растат.Највидливиот пример предизвика мала група Македонци и Албанци да се пресметаат физички. Неодамна, метална конструкција во форма на црква се издигна на местото на стара црква на скопското Кале. Властите тврдеа дека градат музеј во облик на црква. Но Албанците тврдеа дека под оригиналната црква се наоѓала уште постара структура од Илирите, и бидејќи тврдат дека тие се нивни потомци, просторот треба да биде нивни. Изградбата е сега сопрена, но темата го открива деликатниот баланс помеѓу двете заедници, кои се длабоко заплеткани во нивната религија, идентитет, земја и моќ“, се вели во анализата на британскиот весник.Џуда посочува дека не се градат само објекти кои го изразуваат македонскиот идентитет. Пишува дека сè почесто се издигнуваат и нови џамии кои побудуваат внимание и во јавноста во соседните земји, како Албанија.“Македонските Албанци имаат репутација на многу порелигиозни од нивните сонародници во Албанија и Косово. Изградбата на нивните џамии почна дури да го привлекува вниманието на Албанците во Албанија кои ги нарекуваат ‘Tалибанци’ во телевизиските емисии. Но Демократската Унија за Интеграција, партија на македонските Албанци која е во коалиција со господинот Груевски има исклучиво секуларни корени. Па човек може да се запраша дали трендот на изградбата на џамиите има друга позадина. Во повеќето случаи, изградбата на нова џамија не е само глорификација на исламот, туку ја одбележува и припадноста на територијата. Парадоксот е во тоа што можете да најдете развиорени американски знамиња на општинските згради во градовите контролирани од Албанците, недалеку од новите џамии на чии минариња се истакнати саудиски знамиња“, пишува Економист.“Ова е една од причините зашто црквата-музеј е толку чувствителна тема. Многу Македонци велат дека тие молчат за често нелегално изградените џамии во име на општествената хармонија. Токму затоа и ги вознемирува што обидот да изградат нешто што едвај претставува црква предизвикува толку голем инцидент. Албанците пак, во Скопје 2014-та и сличните проекти гледаат обид на Македонците да им ја заријат “македонштината во грло“, се вели во текстот на угледниот британски весник. /крај/theeconomist/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо, Франција
Кардиохирурзите при ЈЗУ Клиника за кардиохирургија, Скопје, Александар Колев и Кујтим Џелили престојуваат на Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, Франција, каде учествуваат на работилница за запознавање и обука со некои од најиновативните техники во совремата кардиохирургија.

-Заедно со мојот колега Кујтим Џелили имавме одлична можност да учествуваме на едукативна работилница во Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, организирана од Петерс.
Под менторство на водечките професори Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, се запознавме со некои од најнапредните техники во современата кардиохирургија. Меѓу нив најсофистицирана и најпрефинета беше употребата на роботскиот систем на Да Винчи за поправка на митралниот вентил, како и други минимално инвазивни кардиохируршки процедури. Преку практични тренинг сесии, вежбавме креирање на анастомози на реални модели, користејќи некои од најновите помошни хируршки апарати, напиша кардиохирургот Колев на неговиот фејсбук профил.

Тој особено го потенцира фактот дека кардиохирургија, како една од поновите гранки на медицината, продолжува да се развива и брзо напредува.
-За нас, како кардиохирурзи кои доаѓаат од мала земја како Македонија, од особено значење е да останеме во тек со овие иновации, со цел да обезбедиме највисок можен квалитет на третман за нашите пациенти, наведува д-р. Колев.
Македонија
Ѓорѓиевски на фејсбук објави дека најдоброто за Скопје допрва доаѓа
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот.
-Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар. Се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“. Најдоброто, доаѓа!, објави Ѓорѓиевски попладнево на неговиот фејсбук-профил.
Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна завчеравечер по примеопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши утревечер.
Деновиве со механизација и рачно се чисти коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.
Во акцијата се вклучени луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта”- Скопје.
Македонија
Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми
Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните институции дека очекуваат вистинска правда за настраданите.
-Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми, затоа што ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот. Исполнете ја вашата должност — не за нас, туку за нашите деца и за иднината на сите други што утре ке сакаат да живеат во држава со вистинска правда, порачаа родителите на починатите во „Пулс“ во своето обраќање пред медиумите.
Пред зградата на Основниот суд, мајка на починато дете во името на сите учесници на маршот, упати критика до Јавното обвинителство дека оваа институција не реагирала на тоа што уште пред три недели им биле доставени докази дека осомничено лице се сретнало со оштетен родител, што сметаат дека носи реална опасност да се влијаа врз сведоците и оштетените и да се загрози целата постапка и нејзината правичност. Тие најавија, дека во рок од една недела очекуваат јасен и конкретен одговор за преземените мерки по доставените докази, во спротивно велат ќе преземат посилни јавни и организирани акции.
Првото судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи на 19 ноември, обвинети се 34 физички и три правни лица, кои се товарат за кривичното дело тешки дела против општата сигурност. Како што информираа од Кривичниот суд Скопје, рочиштето ќе се одржи во судницата во КПУ Идризово, а предметот според Акмис системот е распределен кај судијката Диана Груевска-Илиевска.
Во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи на 16 март, годинава, загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

