Свет
Спонтаната песна била снимена во четвртокот
Бени, Калиопи, Есма, Кристина Арнаудова, Ребека, Александра Пилева и Елена Ристовска, Ристо Самарџиев, Виолета Томовска и Славе Димитров е пејачката екипа која ја пее песната "Европа, домот наш", специјално направена по повод кандидатскиот статус на Македонија.
Бени, Калиопи, Есма, Кристина Арнаудова, Ребека, Александра Пилева и Елена Ристовска, Ристо Самарџиев, Виолета Томовска и Славе Димитров е пејачката екипа која ја пее песната "Европа, домот наш", специјално направена по повод кандидатскиот статус на Македонија. Песната, која претставува еден вид химна за Европа е препев од " Заедно во соединета Европа", со која италијанскиот пејач Тото Котуњо победи на изборот за песна на Евровизија што се одржа 1991 во Загреб. За оваа песна Дарко Димитров, го направи ранажманот, а текстот е на Огнен Неделковски, кој е и автор на текстот "Македонијо те сакаме" во 2001 снимена заради конфликтот. Огнен Неделковски по втор пат пишува историска песна.
Наши извори велат дека песната е подготвена претходно, а снимена во четвртокот вечерта во студиото на Дарко.
-Иако ништо не се знаеше, сепак, песната е нарачана пред една недела. Пејачите ја снимаа и по цена да не биде позитивен резултатот. Им беше речено да си молчат се додека премиерот не го соопшти резултатот. Што и да се случеше немаше да биде за џабе, ќе ја искористевме во март. Еднаш мораше да не примаат, велат наши извори.
За "Европа, домот наш" ќе има и спот, кој ќе биде готов деновиве. Се уште не се знае кој ќе го работи, но во него ќе се користат сегменти од снимањето на песната во студиото и од настапот на плоштадот во Скопје. (В.М.)
Европа, домот наш
Пред нас
е само една цел,
нов ден,
од жолти sвезди да сме дел,
тој сон за нас е веќе јаве,
Европа тоа е нашиот дом!
Во сите нас
се буди сончев зрак
и пак
сме сите тука ко еден,
тој глас за нас е злато вреден,
Европа тоа е нашиот дом!
Реф:
А ние можеме се
штом сите срца бијат како sвона,
штом некој има цел
со добро можат sвезди да се сронат,
Европа отвора врати,
запејте милион пати на глас
Европа, тоа е нашиот дом!
Во сите нас
се буди сончев зрак
и пак
се вее нашето знаме,
во нас од гордост гори пламен,
Европа тоа е нашиот дом!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

