Контакт

Свет

Најмалку 6 убиени и 58 ранети во безредија во Бангкок

Објавено пред

Најмалку шест лица се убиени, а 58 се ранети при нови судири и антивладини демонстрации во центарот на тајландската престолнина Бангкок.

dobivaj vesti na viber

Најмалку шест лица се убиени, а  58 се ранети при нови судири и антивладини демонстрации во центарот на тајландската престолнина Бангкок.

Меѓу жртвите е италијански новинар, кој бил застрелан при судирите, кои избувнаа откако оклопни возила, придружувани од вооружени војници, ги разбија барикадите на  демонстрантите.

Во меѓувреме стана јасно, дека вечерва ќе биде воведен полициски час во Бангкок. /крај/бг/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ердоган: Предлогот на Украина за влез во НАТО не е прашање што треба да се избрзува

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека предлогот на Украина за влез во НАТО не е прашање што треба да се „избрза“ и дека односите меѓу Турција и Русија ќе продолжат да се развиваат.

dobivaj vesti na viber

„Тоа се прашања што не треба да се избрзуваат и кога разговараме и кога донесуваме одлука, секогаш ја земаме предвид позицијата на другите земји-членки на НАТО, разговараме за овие можни прашања на маса и соодветно ја донесуваме конечната одлука“, рече Ердоган во интервју за NBC на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Ердоган досега го блокираше членството на Украина во НАТО, истовремено барајќи од Шведска и Финска да го променат ставот кон курдските бунтовнички групи кои Турција ги смета за терористички.

Претходно овој месец, Ердоган рече дека полуостровот Крим треба да се врати под украинска контрола и дека Украина мора целосно да го врати својот територијален интегритет.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: „Просечната плата во декември ќе биде 900 евра, за само 10 години три пати повеќе“

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше од Њујорк и истакна дека просечната плата во Србија во декември ќе биде 900 евра, што е трипати повеќе за 10 години.

dobivaj vesti na viber

„Мораме да притискаме, добро е што се носи ребалансот, наскоро ќе влезе во буџетот, се надевам дека министрите ќе ги намалат апетитите, дека ја имаме стапката на јавниот долг под контрола. Се надевам дека дефицитот нема да надмине три проценти“, додаде Вучиќ.

Вучиќ истакна и дека платите во Србија растат.

Платата на наставниците беше околу 30.000 динари, денес е околу 100.000 динари без надоместоци за стаж и други додатоци“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Свет

Ништо од средбата меѓу Трамп и Зеленски во Америка

Објавено пред

Средбата за која многу се зборуваше помеѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски за време на посетата на украинскиот претседател на Америка веројатно нема да се одржи.

dobivaj vesti na viber

Се очекува денеска украинскиот претседател да го претстави својот таканаречен победнички план за војната со Русија, а потоа да оствари билатерални средби со претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.

Трамп минатата недела рече дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД, но, официјален претставник на кампањата на Трамп вчера за „Политико“ потврди дека средбата не била закажана.

Во неделата, украинскиот претседател посети фабрика за муниција во Скрентон, Пенсилванија, клучна држава за американските избори. Еден ден подоцна, на митинг во Пенсилванија, Трамп го обвини Зеленски дека сака демократската кандидатка Камала Харис да победи на изборите и го опиша како „најголемиот трговец во историјата“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, Пазарната инспекција утре ќе ги контролира бурекчилниците, а задутре трговците на големо

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива,...

Македонија3 часа

Комисијата за спречување на корупцијата ќе продолжи да го следи случајот со Иљази, обвинета е за случувањата со договорите на дело на Токсикологија

По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, ОЈО Скопје почна постапка против поранешната организациска директорка на Клиниката за...

Македонија6 часа

Демократскиот сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

„Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители...

Култура6 часа

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска, мецосопран (1973 – 2024), објави НУ Национална опера и Балет. Ирена Кавкалевска, мецосопран, добитничка на...

Македонија6 часа

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата...

Македонија7 часа

Организациска директорка на Токсикологија обвинета за злоупотреба на службената положба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена...

Регион8 часа

Хрватската државна секретарка: На Северна Македонија и на Албанија треба да им се дозволи да направат чекор напред на патот кон ЕУ

Хрватска силно ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но врз основа на заслуги, што значи...

Свет8 часа

(Видео) Пукано во канцеларијата на Камала Харис

Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис во Аризона, само...

Свет10 часа

Се огласија сирените во Тел Авив; Израел: Го пресретнавме проектилот

Предупредувачките сирени се огласија денеска во трговскиот главен град на Израел, Тел Авив, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнаа ракета...

Свет10 часа

Либан разочаран од прошталниот говор на Бајден: „Единствено, вие можете да направите разлика“

Министерот за надворешни работи на Либан Абдалах Бу Хабиб изрази разочарување од изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за ескалацијата...

Европа11 часа

(Видео) Додека Зеленски говореше дека ќе ја добие војната, рускиот амбасадор прелистуваше хартии и гледаше во мобилниот телефон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека неговата земја ќе излезе како победник...

Свет11 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан. „Ќе продолжиме да го...

Македонија19 часа

Земјотрес во Скопје

Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје. Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според...

Македонија24 часа

Меџити: Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги додели на он-лајн коцкарници

Првиот Вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието...

Топ1 ден

Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик

Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал...

Македонија1 ден

Половина милијарда денари ќе чинат пет години необезбедените учебници по странски јазици за основните училишта

Јавната набавка, која треба да ја реализира Министерството за образование и наука за да обезбеди учебници по странски јазици за...

Македонија1 ден

Орбан од утре во дводневна посета на Македонија

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан,...

Македонија1 ден

„Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран“, најави Мицкоски и очекува почитување на договореното за цените

Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту обид за дестабилизација

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: За следната година предвиден е раст на платите во образованието и во други институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали наредната година може да се очекуваат раст...